‘Together, a Black & White Show!’ се викаше спектаклот на кој се собраа легендарни фудбалери на Јувентус за да ја прослават 100 годишнината на фамилијата Ањели на чело на клубот.
Во таа чест одиграа натпревар во мал фудбал 2x20 минути и се поделија во две екипи, Јувентус бели против Јувентус црни, односно тимот на Зидан против тимот на Дел Пјеро.
За белите настапија Перуци, Јулијано, Монтеро, Барцаљи, Торичели, Конте, Маркизио, Зидан и Матри. Тренер Мишел Платини.
За црните настапија Сторари, Карера, Ферара, Евра, Ди Ливио, Давидс, Дел Пјеро, Пепе, Раванели и Манџукиќ. Од клупа ги водеше Марчело Липи заедно со Џанлука Песото.
Тимот на Зидан победи со 9:6, а во 9 минута од мечот имаше прекин со многу емоции. Играчите застанаа и аплаудираа, а публиката скандираше за Џанлука Виали кој почина на 6 јануари годинава.
Minuto 9.
— JuventusFC (@juventusfc) October 10, 2023
Luca Vialli, sempre con noi. pic.twitter.com/qOdPA33Diz