Неочекуваниот говор на Чиро Санториело бруи во италијански медиуми, бидејќи токму тој ја води истрагата за случајот Призма во која Јувентус е казнет со одземање на 15 бода.
Се работи за форум организиран од адвокатски канцеларии на 14 јуни 2019-та на кој се зборува за буџетски и капитални добивки.
Тонот на Санториело е на моменти пријатен, а некои од неговите коментари се проследени со смеа и аплаузи, пишува Газета дело Спорт.
„Признавам, јас сум голем навивач на Наполи и го мразам Јувентус“, вели обвинителот.
„Санториело е секако одличен јавен обвинител, но тоа што вели дека е анти јувентино додека извршува функција како обвинител е искрено зачудувачки, особено со леснотијата и несоодветноста“, пишува новинарот Џовани Капуано.
— Giovanni Capuano (@capuanogio) February 6, 2023
Италијанските медиуми пренесуваат дека постои уште едно видео во кое се случува следнава конверзација.
„Да се држиме подалеку од тоа дека вие сте обвинител, а јас адвокат. Вие навивате за Наполи, а јас за Интер“.
Санториело на тоа му одговара: Добро ај доста со Јувентус.
Со реакција на Твитер се јави Министерот за Спорт Андреа Абоди:
„Видов, слушнав и забележав во согласност со улогите за соодветни проверки и проценки. За сега мислам дека е коректно да застанам овде“.
Ho visto, ascoltato e segnalato, nel rispetto dei ruoli, per le opportune verifiche e valutazioni. Per ora penso sia corretto che mi fermi qui.
— Andrea Abodi (@andreaabodi) February 6, 2023
На социјалните мрежи гори, а еден од коментарите гласи вака:
„Ова е напад врз 15 милиони италијански навивачи на Јувентус. Потребна е реакција на Министерството за правда, а исто и на Министерството за спорт, како и на Италијанската фудбалска федерација.
Газета дело спорт
За што точно Јувентус е казнет со одземање 15 бода поради што падна на табела?
Кои трансфери се сомнителни во Јувентус, но и во Интер, Милан, Наполи, Лил?