Како почнаа турканиците на дербито во кое Куадрадо му удира бокс на Хандановиќ

Јувентус и Интер ремизираа 1:1 во првата полуфинална пресметка од Купот на Италија која заврши со многу тензија и три црвени картони на крај. Ќе летаат и казни.

Головите на средбата паднаа во 83-та и 95-та минута, а на листата на стрелци се запишаа најпрвин Куадрадо, а во судиското продолжение Лукаку од пенал.

Тензиите почнаа по последниот свиреж на судијата кога наеднаш се грабнаа да се тегнат Хандановиќ и Куадрадо, кои добија црвени картони, исто како и Лукаку.

На оваа снимка од друг агол се гледа дека немало само тегнење, туку Куадрадо му удира бокс на Хандановиќ.

Според познатниот новинар Танкреди Палмери кој го следат преку 200.000 луѓе на Твитер, ова е за суспензија од 5 кола.

„Еве го ударот на Куадрадо кон Хандановиќ. Оди точно на целта. Ова е гест за суспензија од 5 кола. Ако добро се сеќавам казните за насилничкото однесување во Купот на Италија и во првенство се исти“.

„Ова видео за Куадрадо е срамно. Хандановиќ оди да разговара со него. Потоа Куадрадо заминува, туркајќи го насилно. Хандановиќ се враќа назад, го блокираат, а во блокот Куадрадо го удира“.

Според италијанските медиуми Куадрадо реагирал бурно бидејќи бил испровоциран од прославата на Лукаку за која тој всушност го доби вториот жолт картон.

Навивачите на Јуве Лукаку го нарекуваат мајмун.

„Видео од расистичките скандирања упатени до Лукаку од трибината на Јувентус, споени со видеото од туркање на Куадрадо до Хандановиќ кое очигледно не можам да го твитам. Резултатот е црвен за Лукаку и Хандановиќ, покрај за Хандановиќ“.

Киеза и Барела за пример

 

5 април 2023 - 08:39