Со елиминацијата од Севиља во полуфинале, Јувентус остана без голема можност да го разбие проклетството во европските финалиња кое им трае веќе 24 години. Последниот трофеј во Лига Европа им е во 93-та, а во Лига на шампиони 96-та. На меѓународна сцена последен пат се радувале во Интертото Купот 1999. Во ЛШ имаат серија од 5 загубени финалиња 1997, 1998, 2003, 2015, 2017.
Последната радост на меѓународна сцена им е во сега непостоечкиот Интертото Куп против Рен кој дома го совладаа од 2:0, а на гости одиграа 2:2. На првиот меч двоен стрелец беше Пипо Инѕаги, а на реваншот Конте и Ѕамброта. Тренер Карло Анчелоти.