Еврогол на Милик, Јувентус се спаси од пораз после 3:0 за 8 минути
Спектакуларни 3:3 одиграа Болоња и Јувентус во нетипичниот почеделнички термин. Болоња имаше 3:0 до 76-та минута, но потоа целосно застана и на сцена стапија Киеза, Милик и 19 годишниот Кенан Јилдиз кои се 8 минута обезбедија бод. Јувентус за прв пат во историјата на Серија А останува непоразен после негатива од 3:0. Болоња 26 години ги бие малер, од 1998-ма ги нема добиено.