„Мали, примен си, само не доаѓај во дрес на Бока“

Приказната за фудбалскиот пат на Пауло Дибала

Кога татко му го оставил во малата кладилница која што ја држел, малиот Пауло ставил 2 пезоси дека Карлос Тевез ќе даде гол во Копа Либертадорес. Со парите од добивката купил дрес од Бока, а подоцна се запознал со својот идол.

 

Главна улога во приказната: Пауло Дибала

Споредни улоги:
Адолфо Дибала, таткото на Пауло

Алисија Дибала, мајката на Пауло

Турса Сантос, главен скаут на фудбалскиот клуб Институто

Омар Пејроне, агент на Пауло

Хуан Карлос Барера, претседател на Институто

Хозе Тео, технички директор на Институто

Мартин Хајмес, навивач на Институто

Густаво Маскарди, бизнисмен

Маурицио Ѕампарини, доскорешен претседател на Палермо

Епизода 1

Почеток на 2012 година. Во аргентинскиот град Кордоба натпревар играл локалниот Институто. Во толпата навивачи кои ги чекале фудбалерите пред стадионот „Президенте Перон“ - стоел и низок црн човек во зелено-жолт дрес.

Тоа бил бербер којшто живее во Буенос Ајрес а преку викенд патува преку Аргентина и не пропушта ниеден меч на Институто - мал клуб од втората лига, познат што за него играле Светските шампиони од 1978-ма, Оси Ардилеса и Марио Кемпес кои во Институто ја почнале својата фудблска одисеја.

Црномањестиот човек се вика Мартин Хајмес кој на рацете има неколку тетоважи на тема саканиот клуб и неговите херои. Хајмес го чекал Пауло Дибала, му дал црн фломастер и му го октрил бицепсот.

- Каде да се потпишам, тука?, зачудено прашал Пауло кога го земал фломастерот. ’Да, вечерва ќе правам тетоважа со твојот автограм.’

Пауло се насмеал, мислел дека навивачот се шегува и заминал со брат му Мариано и неговиот син Лаутаро кои го чекале на паркинг. -Ајде, па да ни ја покажеш скоро, му рекол 13-годишниот Лаутаро на навивачот.

Пауло извадил од ранецот нови виолетови копачки и му ги дал на внук му. На десната стоело името на татко му Адолфо, на левата на мајка му Алисија. Пауло ги добил од компанијата Nike, со која пред неколку дена потпиша 5-годишен договор вреден 3 милиони долари!

Кај Мартин Хајмес во меѓувреме дошол новинар на локалниот весник „Ден за ден“. ’Дали навистина ќе го истетовирате името на Пауло на рамето?’

„Секако! На тој начин му заблагодарувам за се. Денес цела Аргентина и голем дел од светот зборуваат за Институто благодарение на Дибала. Јас бев на сите негови натпревари - па дури и на пријателскиот на крајот од јули, се сеќавате? Тогаш малиот Дибала уште немаше професионален договор, а во првото коло влезе во составот затоа што Мигел Фернандез беше суспендиран од лани. Само шест месеци поминаа од тогаш, неверојатно.

Мариано Дибала често го возел помалиот брат кај мајка им која многу се потресувала додека го гледала на стадион, па веќе неколку месеци го гледала Институто на телевизија.

Пауло живеел во пансионот за младите играчи на Институто, но таму немало перална, па после мечот Дибала носел се во родителскиот дом за перење.

Еден ден по пат додека го возел Мариано го прашал малиот Пауло дали има некои вести од Омар, менаџерот, а Дибала збунет и нервозен во детали му раскажал - од Кордоба до родната Лагуна Ларга има 50-ина километри па ќе има време да му каже сè:

„Па Интер прашувал колку треба и на кого да плати, на Омар му се јавиле и од Наполи и Милан, ама они уште не знаат што сакаат на трансфер пазарот, со Барселона нема ништо конркетно. Омар ми кажа дека скаутот Урбано Ортега кој работи за Јужна Америка ме гледал неколку пати“, му раскажувал Пауло на брат му.

А познатиот скаут Ортега имал и што да види - осум гола на 12 меча. Во меѓувреме Густаво Маскарди кој ги откупил правата на Дибала од познатата англиска компанија Pencilhill исконтактирал со Малага и Палермо. Низ муабет стигнале до домот на мајка им пред кој била малата кладилница La Favorita која што пред 20 години ја отворил татко му на Пауло. За време на вечерата како и секогаш мама Алисија Дибала се сеќавала на мажот и на детството на помалиот син.

Пауло ги слушал сите сеќавања, а на многу бил и главен херој, но мајка му секогаш раскажувала во детали кои тој ги заборавал. Вечерта зборувала дека целата фамилија навивала за Њуелс а Адолфо бил жесток ривал на „Свињите“ затоа што играл за Спортиво, главниот душман и конкурент на Њуелс.

Тоа секако било споредна работа - Алисија и Адолфо се сакале како од првиот ден, тој подоцна се преселил во Њуелс а таа му родила три сина.

За никому да не му го скрши срцето во детството Пауло три години тренирал во школата на Њуелс, една година во Спортиво а потоа и во месната екипа Лагуна Ларга која играла на терен опкружен со камиони. Таму тренер му бил Себастијан Барионуево, а наместо теренот денес има забавен парк „Град на децата“.

„Мариано, а се сеќаваш ли кога Пауло го викаа свештеникот кога имаше три години, се смеела Алисија кога се сетила на времето кога Пауло носел голем дрес кој му бил до колена како мантија.“

-Да, да. се лутеше, а потоа порасна неколку сантиметри и мислеше дека може да игра кошарка, па после се предомисли и се врати на фудбалот.

Семејството се сеќава и на повикот на еден од синовите на претседателот на Институто кој им соопштил дека бил уапсен Густаво Маскарди, човекот кој неколку месеци претходно за три милиони евра ги купил правата на Пауло.

Епизода 2

2003 година Лагуна Ларга. Кладилницата La Favorita на улицата Hipólito Yrigoyen.

„Одам на десет минути. Ќе ја пазиш касата? Само качи се на столицата да те видат од пултот“, му рекол Адолфо на помалиот син. 10-годишниот Пауло климнал со глава и седнал зад пултот. Додека го чекал татко му уплатил 2 пезоси дека неговиот омилен напаѓач Карлос Тевез од Бока ќе даде гол против чилеанскиот Кобрелоа во Копа Либертадорес.

„Никој не дојде?, го прашал Адолфо кога се вратил -Никој тато, мирно беше“.

Следната вечер во домот на Адолфо Дибала се гледало четвртфиналето на Копа Либертадорес. Гледале мајката, таткото, Пауло и Мариано, а третиот брат Густаво отишол во собата затоа што не го интересирало да гледа таму некоја игра со топка. Во 15’ минута од мечот Пауло почнал да скока како кенгур во собата додека коментаторот Мариано Клос цела минута го растегнувал вокалот „Гооооооооооооол“, а Марсело Делгадо и Роландо Скјави го гушкале Тевез.

„Тато! Добив 30 пезоси!, урлал Пауло. -Што зборуваш Паулито? ’Ставив Тевез дава гол во прво полувреме кога излезе ти синоќа. Не сум малер.

-А кој вика дека си малер?, прашала мајка му Алисија. ’Тато ми кажа кога ме примија во Њуелс Олд Бојс. ’Не, само ти кажав денес немаш среќа, тоа е друго. Да знаеш само дека договорив со тренерот на Инситутот да одиш на проба следната недела“, одговорил Адолфо. Добро, ама само ако ми купиш дрес од Бока за овие 30 пезоси“.

После шест дена пред вратата на спортскиот комплекс La Augustina се паркирала црна Opel Vectra. Зад воланот - Адолфо Дибала, а до него најмалиот син во сино-жолт дрес. На фудбалското игралиште ги пречекал Турсо Сантос, постар човек со наочари за сонце и бела капа. Во Кордоба Сантос бил познат што ги открил Диего Климович, Хуан Менсегес, Ромеро голманот на Манчестер, како и Силвио Ромеро најдобриот стрелец во Аргентина 2014-та кој сега е во Рен.

Сантос му дал топка на Дибала, го гледал како ја прима и ја жонглира и после 10 минути му рекол на Адолфо: „Ќе го задржиме. Во моментов немаме место во пансионот, може ли да го возите секое сабајле“? -Никаков проблем, ќе го возам“. Пауло бил толку радосен што почнал да ја рога топката по теренот. „Душо, примен си, но немој веќе да доаѓаш овде во дрес на Бока“, му рекол стариот лисец Сантос.

Август 2011. Седумнаесетгодишниот Дибала дал гол во вториот меч за Институто. Дуелот против Алдосиви завршил 2:2, а после мечот сите трчале да му честитаат на малиот кој две години живее во пансионот со јуниорите а во составот влегол наместо суспендираниот шпиц Фернандез.

 „Еј што е работата? Зошто плачеш?, го прашал тренерот на првиот тим Дарио Франко. Па ти беше наш најдобар играч денес. Татко ми мечтаеше некој од синовите да стане фудбалер. Јас му бев последна надеж, трето, најмало дете. Кога ме донесе во клубов, виде кога направив хет-трик во детската екипа, но не го виде мојот прв гол во сениорски фудбал за прв тим“, рекол Пауло чијшто татко ненадејно починал кога Дибала имал 15 години.

Епизода 3

Октомви 2011-та. Канцеларија на Институто.

Во малата соба имало состанок на управниот одбор составен од 40 луѓе. Во собата две маси и десетина столици. Било многу тесно, па многу стоеле. Прв настапил претседателот на Институто, Хуан Карлос Барера:

„Драги колеги, другари, на клубот му треба 21 милион пезоси за да преживее. Британска бизнис група Pencilhill преку својот претставник во Буенос Аиерс - Густаво Маскарди ни ги дава тие пари во замена за правата на Дибала. Раководството смета дека треба да ја прифатиме понудава“.

-Не зборувајте во сечие име. Дибала има менаџер, Омар Пејрон кој може да договори трансфер и без учество на британската бизнис-група. Па дури и ако прифатиме, така би ни го оставиле до јуни-јули“, одговорил техничкиот директор Хозе Тео.

„Денес ни доаѓаат скаути на Баер и Борусија, а пред нив беше човек од Бенфика. А таа ваша бизнис-група како што знам е поврзана со компанијата Diageo, произведувач на алкохол. Зарем нашиот најдобар играч да го поседуваат трговци со виски и водка?

„Мора да го спасиме Институто, тоа е главна работа“, рекол секретарот на клубот Иван Барера, син на претстедателот. ’Предлагам да гласаме дали Пауло да го продадеме на бизнис-групата Pencilhill?

Дваесет и тројца кренале рака. -Кој е против? 15 против. 1 воздржан.

Истата вечер Хозе Тео се сретнал со агентот на Дибала, Пејрон и му раскажал за продажбата на правата на Пауло на сомнителна британска фирма на чело со Маскарди, поранешен брокер. Пејрон бил во шок: Мислењето на Дибала кој имал 3-годишен договор со Институто никој не го слушал.

Откако Институто не успеа да влезе во Примера, Дибала решил да замине

Пејрон набрзо дознал дека Маскарди работел како фудбалски посредник а негови најсвежи успеси биле трансферите на Франко Васкез во Палермо и Хуан Мануел Итурбе во Порто кои ги открил во клубот Расинг Авеланеда а сега ги шири пипките во целиот аргентински фудбал.

На последниот меч во 2011-та Дибала го дал осмиот гол во сезоната и излегол пред новинарите.

„Се зборува дека вашите претставници во моментов се во Италија? -Вистина, точно е, но јас не мислам на тоа колку што мислам да му помогнам на Институто да остане во Примера и до крајот на првенството не одам никаде“.

Епизода 4

Неапол. ВИП ложа на „Сан Паоло“. Заедно со газда Аурелио Де Лаурентис седеле спортскиот директор Рикардо Бигон и главниот скаут Марко Ѕунино. Претседателот на Наполи се интересирал што е со тоа детето од Аргентина - Ди Наполи, Де Паоло ли како се вика?

Бигон и Ѕунино се погледнале еден со друг, и кажале дека се сретнале со агентот кој бара три милиони евра, а неколку часа подоцна им се јавил бизнисменот Маскарди да им каже дека правата на Дибала ги има само тој и може да ги продаде за 5 милиони евра.

„Нема да одиме на аукција. Нека се борат другите клубови“, рекол Де Лаурентис.

Пред Новата година 2012, Хавиер Занети го викнал Дибала на својот добротворен меч каде сопственикот Масимо Морати кога го видел како игра бил спремен да плати колку треба и да го остави Дибала во Кордоба до јуни.

Пауло одговорил дека за неколку дена ќе одел до Буенос Ајрес за да аплицира за двојно државјанство затоа што му следувал европски пасош - дедо му е од полскиот град Кваснев а баба му од Неапол. 

Во јануари после Нова година, во Милано на преговори дошле разни луѓе: Претседателот на Институто Барера со синовите, бизнисменот Маскарди, агентот Пејрон и техничкиот директор Хозе Тео. Морати почнал преговори со 2,3 милиони евра, а потоа се согласил да стигнат до три милиони. Зделката била фактички договорена, а луѓето од Кордоба требале да одлучат како ќе го поделат колачот од 3 милиони евра.

 Тео и Пејрон инсистирале дека Маскарди незаконски влегува во зделката и дека сите пари треба да одат во клубот. Барера нудел компромис: Маскарди веќе даде една рата за правата на Дибала, дајте му дел од парите на Интер а за себе ќе го земеме остатокот.

Маскарди не сакал да слушне да го продаде Дибала за тие пари, но имал други маки: Поради сомнителен капитал компанијата Ferro пропаднала во стечај а Густаво бил викнат на Суд. Утрото на 31 јануари спортскиот директор на Интер, Пјеро Аузилио ѕвонел во Институто и сфатил дека до крајот на преодниот рок нема да го завршат трансферот. Секретарот на Институто Иван Барера добил факс дека Интер се откажува од понудата за трансфер.

Епизода 4

Јуни 2012 година. Барера и ослободениот со кауција Маскарди слетале на Сицилија и пак без знаење на Пауло - го продавале во Палермо. Сопственикот на Сицилијанците Маурицио Ѕампарини се пофалил „Го купив новиот Агуеро за 12 милиони евра и ги победив Интер, ПСЖ и Челси“.

Во Аргентина се вртеле други цифри - околу шест милиони евра кои ги заработила британската компанија која ги купила правата на Дибала. Барера објаснувал дека на секое едно евро што дал Ѕампарини, тој плаќал данок. Хозе Тео се заканил дека ќе ги тужи на суд Барера и Маскарди затоа што на договорот со Палермо не стоел и негов потпис како технички директор на Институто. Во Палермо велеле дека според италијанските закони неговиот потпис не е нужен.

Менаџерот на Дибала Омар Пејроне бил на страната на Тео, одбил да го признае трансферот во Палермо и гледал на Дибала да му најде поголем клуб - контактирал со Сити и одново го барал Интер.

Во таа смисла, Дибала ја играл последната решавачка средба за пласман во прва лига на Институто против Сан Лоренцо. На крајот изгубиле и не влегле во Примера, а Дибала ја завршил сезоната со дури 17 гола - два помалку од Кавенаги но два повеќе од Трезеге (тогаш Ривер Плата играше во втора лига исто). Зимата Дибала признал во интервју дека би бил среќен во јули ако оди во Интер, но на сила го однеле во Палермо.

Омар Пејроне изјавил за весникот „Ден за ден“ дека семејството на Пауло шест месеци добивало закани што се противи на трансфер во Палермо.

До средината на јули Пауло се наоѓал меѓу Рим и Неапол, добил италијанско државјанство и решавал како да живее: Имал три варијанти 1) продолжи да се буни и да бара слобода во изборот на нов клуб, 2) да најде нов клуб кој ќе го откупи од Палермо, 3) да се помири со Палермо.

На крајот Пауло потпишал 4-годишен договор со Палермо и добил иста плата како и најголемата ѕвезда во клубот Хавиер Пасторе во 2009 година. Дибала во Палермо се преселил со мајка му која спремала ручек и вечера не само за него, туку и за неговиот партнер од нападот Франко Васкез кој исто дошол на Сицилија од Кордоба. Во јануари Дибала даде гол против Лацио, но потоа две недели не бил во стартионт состав а Палермо го сменил тренерот.

„Тренерот кој ќе помисли да не го стави Дибала во екипата ќе добие од мене клоца во газот“, урлал Ѕампарини после поразот од Аталанта.

Маурицио Ѕампарини по обичај сменил четири тренери за шест месеци. Се менувале Санино, Гасперини, Малезани па пак Санино. На крајот Палермо со Дибала завршија во Серија Б.

Кога на одмор се вратил во татковината, Дибала се сретнал со опозицискиот новинар Хорхе Ланатој и дознал дека е дел од корумпиран триаголник во кој се поранешниот претседател на Аргентина Нестор Киршнер, син му Макс и Густаво Маскарди коишто переле пари од продажба на аргентински фудбалери во Европа.

Епизода 5

Есен 2013-та. Институто пропаѓал без пари: играчите одбивале да тренираат, навивачите со камења фрлале по канцелариите, а претседателот Барера дал оставка. Во 50 километри оддалечениот Лагуна Ларга на малиот тревник Себастијан Барионуево тренирал деца.

Ако претходно децата играле без маици летно време, сега строго се делеле во две екипи: една во бели дресови на Палермо, а друга во розерви. Во јули 2013-та Дибала донел преку 100 дресови со бројот 9 кај својот прв тренер.

На 15. март 2014 Пауло дал гол против Бреша во Серија Б, а аргентинската полиција влегла во канцелариите на Институто да истражи валкани зделки за трансферот на Дибала.

Со головите на Пауло Палермо се врати во Серија А, поради што Антонио Конте го викаше во репрезентацијата на Италија. Во меѓувреме поранешниот претседател на Институто Хуан Карлос Барера имал нови непријатности - тој и тројцата синови биле уапсени поради финансиски малверзации со фирмата Bacar.

Кога Јувентус пратил сериозна понуда за малиот Аргентиски напаѓач, Ѕампарини бил свесен дека е право време за трансфер. Тој паметно ги „изиграл“ луѓето од Институто со кои потпишал договор дека ќе добијат 20% од следниот трансфер на Дибала, но само ако го продаде во странство. Ако го продаде во Италија, се останува за него.

На повик на новиот клуб Дибала полетал во Берлин на финалето на Лигата на шампионите а набрзо во екипата го замени и Карлос Тевез, играчот кој му беше идол во детството. После неколку месеци Дибала дебитираше и за репрезентацијата на Аргентина, го даде победничкиот гол за скудетото против Рома и постигна вкупно 12 гола во Серија А.

Бепе Марота ги одби 80 милиони од Барселона за него, а Дибала по завршувањето на сезоната се вратил во родниот Лагуна Ларга. Го посетил клубот „Спортиво“ каде играл кога имал 9 години. Дошол со мајка му и двајцата браќа, а татко му Адолфо бил на фотографијата во рацете на Пауло, трет од лево во горниот ред.