Џузепе Јакини (до 10 ноември 2015-та)
Го остави Палермо на 12-то место во Серија А (4 победи, 2 нерешени, 6 порази, гол разлика 12:16, освоил 14 бодови). Во првата рунда од Купот на Италија го пројде Авелино со 2:1, а доби отказ после триумфот над Киево 1:0.
Давиде Балардини (10. ноември 2015 - 11 јануари 2016)
Го остави Палермо на 16-то место (2 победи, 1 нерешена и 4 порази со гол разлика 6:13, освои 7 бода). Го избркаа после победата над Верона од 1:0 после големиот конфликт со голманот и капитен на екипата Стефано Сорентино.
„Балардини не зборуваше со нас ниту на мечот, ниту на полувремето ниту после мечот. Јас никому не дозволувам да сомнева во професионализмот и моралната чесност на екипата. Мене може да ме наречете никаквец, но не може да сомневате во мојот професионализам", изјави голманот на Палермо тогаш.
Гиљермо Барос Скелото (11 јануари - 25 јануари 2016)
Познатиот стопер на Бока Јуниорс беше ангажиран да ја исправи лошата ситуација, но не успеа. УЕФА не му ја одобри тренерската лиценца за работа во италијанската Серија А, поради што Аргентинецот се врати во татковината после 2 недели на Сицилија.
Фабио Вивиани (11 јануари - 25 јануари 2016)
Иако помошник, тој ја водеше екипата во периодот кога Барос Скелото требаше да фигурира за прв тренер но имаше проблеми со бирократијата. 2 меча за Вивиани (1 пораз, 1 победа, гол разила 4:5, освоени бодови 3). Ослободен од должноста после триумфот над Удинезе од 4:1.
Џовани Тедеско (25 јануари - 10 февруари)
Три средби (2 нерешени и 1 пораз, гол разлика 3:5, 2 бода). Ѕампарини го отпуштил по ремито со Сасуоло 2:2.
Џовани Боси (10 февруари - 15 февруари 2016)
Загуби дома од Торино 1:3 и стана првиот отпуштен тренер по само пет дена и еден пораз. Играчите не стигнале ни името да му го запаметат.
Џузепе Јакини (од 15 февруари 2016-та)
„Официјално го назначнувам Јакини за нов тренер на екипата, и сакам да му заблагодарам на Бепе што се врати во клубот во вака тежок период", изјави Ѕампарини кој веќе ни самиот не знае по кој пат го враќа Јакини во Палермо.
„Уверен сум дека со решителноста, Јакини ќе ја извади екипата од кризата. Форца Бепе! На тимот ќе му треба поддршка, се извинувам за хаосот од минатиот месец и за парадоксалните ситуации со оставката на Балардини и Скелото", изјави Ѕампарини.
По само две недели, едно реми и два порази со гол разлика 1:8, Јакини по петти пат си отиде од стадионот Ренцо Барбера.
Валтер Новелино
Наскоро се очекува Бепе Јакини да го замени поранешниот тренер на Сампдорија, Валтер Новелино. На 8-ми март Ѕампарини и Новелино имале состанок и тој стана 8-от тренер на Палермо за 8 месеци.