Ѕампарини брка играчи сред сезона, Трајковски останува

По елиминацијата од третолигаш, претседателот на Палермо се изнервира и донесе решение дека Мареска, Ригони и Дапрела нема да може повеќе да играат за тимот, туку само ќе може да тренираат.

Палермо синоќа доживеа срамна елиминација пред своите навивачи во Купот на Италија откако загуби од Алесандрија со 2:3, третолигаш кој последен пат играл во Серија Б во 1975 година.

Маурицио Ѕампарини е бесен и реши да им дава повеќе шанса на тројца играчи за кои тврди дека не се залагале доволно. Тие ќе смејат само да тренираат. Се работи за напаѓачот Енцо Мареска, кој играше за клубови како Јувентус, Севиља и Фиорентина, потоа Лука Ригони и Фабио Дапрела.

„Ова срамота, не се достојни овие играчи, ќе има мерки“, изјави Ѕампарини по поразот на Палермо.

Ѕампарини и Мареска имаа несогласувања и минатиот месец кога беше отпуштен тренерот Јакини. Мареска го критикуваше Ѕампарини преку медиумите, а овој му врати остро.

„Јас сум претседател на еден клуб кој играчите треба да го почитуваат. Во Италија фудбалерите се заштитени со глупав закон. Зависни се милион, два милиони, три милиони плата. Треба да бидат слободни агенти како во САД. Порано или подоцна тоа ќе се смени. Цел тим е со мене, освен играч и пол. Едниот е Мареска, а половината Вазкез. Од сега пред да зборуваат за медиумите, играчите ќе треба да бараат дозвола од клубот. Мареска е неук, треба да се информира пред да каже нешто. Кажа глупости, не е вистина дека благодарение на Јакини сум се збогатил со 60 милиони евра. Нека се потсети колку заработува тој на негова возраст, чисти 500.000 евра по сезона. Ќе биде казнет за ова. Ја сум глупав, а фудбалерите се привилегирани. Заслужуваат клоца во газ.“

Мареска, Ригони и Дапрела најверојатно ќе бидат ставени на трансфер листа во јануари, а за сега местото на Александар Трајковски е сигурно. Тој синоќа го постигна првиот гол за Палермо.

3 декември 2015 - 15:43