Контроверзниот предводник на Палермо тренерите ги менува како чорапи. Алберто Малезани кој доби задача да го спаси од испаѓање тимот на Палермо само 3 кола ја водеше сицилијанската екипа. Откако одигра нерешено на сите 3 натпревари против Пескара, Киево и овој викенд против Џенова, Ѕамперини го направи неговиот пртпознатлив потег и одговорноста веднаш му ја препиша на тренерот.
Но уште поинтересно е што новиот кормилар на клупата на Палермо ќе биде повторно Гасперини кој го водеше тимот до пред три недели. Најслабата сезона во последните неколку години претседателот на Палермо очигледно дека сака да ја подобри со постојано отпуштање на тренерите кои доколку во првиот месец не донесат резултат, веднаш добиваат откази.
Оваа сезона Палермо ја почна со Санино кој беше отпуштен по само 3 кола. На негово место дојде Гасперини, кој оваа сезона ќе го води тимот по втор пат, додека Алберто Малезани во друштво со Санино остануваат двајцата стратези со најкраток тринеделен стаж во клубот.
Инаку 58 годишниот Малезани кој до сега во својата кариера има водено 11 италијански екипи, беше жртва на слабите резултати и во минатата сезона со "рекордни" 19 дена на кормилото во Џенова во месец април 2012 година.
Како што е веќе познато, строгиот Маурицио Ѕамперини е рекордер по отпуштања на тренери и откако се заминава со оваа дејност има избркано 37 тренери. Откако во 2002 година го превзема Палермо под свои закрила смени вкупно 24 тренери.
Единствениот кој успеа да седи на кормилото на клубот повеќе од една сезона беше Делио Роси во периодот од ноември 2009 до февруари 2011. Сега на Гасперини му преостануваат уште 12 кола до крај да го спаси клубот кој е на последната позиција во Серија А со 20 бодови.
Будно ќе ги следиме настаните на чизмата и овој пат ќе му посакаме подолг престој на Гасперини на клупата на Палермо.