По една клоца за Блатер и Платини

Контроверзниот газда на италијанскиот фудбалски клуб Палермо, Маурицио Ѕампарини повторно сака да биде во центарот на вниманието па реши да ги критикува Сеп Блатер и Мишел Платини.

Откако ги смени сите можни тренери и го испадна својот Палермо во Серија Б, Маурицио Ѕампарини продолжува да го привлекува вниманието со контроверзни настапи. Овој пат негова мета беа првите луѓе на ФИФА и УЕФА.

Ѕампарини го критикуваше претседателот на ФИФА, Сеп Блатер заради неговата неуспешна борба против расизмот, па дури и него го нарече расист.

Кога Италија ја освои титулата на Светското првенство, Блатер не сакаше да ни ја врачи наградата. Како да наречете некој кој мразија Италијани? Па тој е расист!" изјави Ѕампарини кој не ја пропушти шансата да го критикува и претседателот на УЕФА, Мишел Платини заради неговата изјава дека Наполи треба да го реновира стадионот за да добие лиценца за Лигата на шампиони.

Апсурдно е бирократите да одлучуваат околу стадионите. Ако стадионот Сан Паоло е добар за играње на натпревари од Серија А, тогаш зошто не би бил добар и за Лигата на шампиони. Претседателите на ФИФА и УЕФА треба да добијат по една клоца во задникот", порача Ѕампарини.

Италијанската фудбалска федерација соопшти дека претседателот на Палермо го нарушил угледот на Блатер и Платини и тој е предаден на дисциплинската комисија.