Го видовте ли начинот на кој се радуваше Дибала за голот на мечот против Зенит во ЛШ? Се работи за гол број 105 во дресот на Бјанконерите со кој го мина Мишел Платини. Зошто легна на земја? За да прослави што успеал да ја мине француската легенда. Потегот му беше имитација.
Дуелот во Интерконтиненталниот Куп (денес ФИФА Светско клупско првенство) меѓу Јувентус и Аргентинос Хуниорс во 1985-та е прогласен за најдобар натпревар во историјата на овој турнир. На Платини му поништија еврогол.
Од основањето на фудбалската репрезентација на Кувајт, оваа селекција до денес играла само едно Светско првенство и тоа едно го одбележал принцот на оваа земја, Шеик Фахад кој слегол на терен.
Има дојдено неколку пати, а повод за ова доаѓање од кое најдовме тв прилог беше 100 години фудбал во Македонија во времето кога Харалампие Хаџиристески ја водеше ФФМ. Поранешниот министер за одбрана Зоран Коњановски се местеше за фотка за него, а овој го реметеше дека требал да плати за тоа.
Од 24 членови на извршниот одбор на ФИФА кои ја донесоа одлуката СП 2022 да се игра во Катар, 16 добија метла. Чисто како факт кој треба да се надоврзе на денешната вест за француската фудбалска легенда.
Педесет и пет европски фудбалски федерации утре во Атина ќе бираат нов шеф на УЕФА. Ќе се гласа за двајца кандидати: Михаел ван Праг и Александар Чеферин, претседателите на холандската и словенечката фудбалска федерација .
Посрамениот поранешен претседател на ФИФА, Сеп Блатер изјави дека некои ждрепки во УЕФА биле местени со стариот познат метод на топли и студени топки, но дека во ФИФА тоа никогаш не се правело.
Французинот стана првиот фудбалер кој три пати по ред ја освои Златната топка пред Лионел Меси. Со помош на својата класа, амбиција и остар карактер стигна до врвот кој потоа си го извалка во друштво на Блатер.
Втор отказ за Мурињо во Челси, крај на фудбалската ера за Блатер и Платини, збогум за капитенот на Ливерпул, четврто Скудето на Јувентус по ред. Ова се 12-те настани кои ја одбележаа минатата сезона според Газета дело Спорт.
ФИФА ги потврди седумте кандидати кои ќе се тркаат во претседателската трка на оваа организација на 26. февруари. Изборите се распишаа во исто време со истрагата за мито и корупција на Блатер.
Претседателот на УЕФА, Мишел Платини призна дека за спорната исплата од 1,8 милиони евра колку што примил од претседателот на ФИФА, Сеп Блатер не постои никаков писмен договор.
Во зимскиот преоден рок 1978-ма еден од најдобрите фудбалери во историјата потпиша за Интер. Го плаќаа уште додека играше за друг клуб, но спортскиот директор помеша два поими „натпревар“ и „станица“. Потоа му го загубија трагот и го видоа со дрес на Јувентус.
Премиерот на Хрватска, Зоран Милановиќ му напишал писмо на претседателот на УЕФА Мишел Платини со цел да ја спаси фудбалската репрезентација од исфрлање од ЕП 2016.
Поранешниот член на извршниот комитет на ФИФА, Американецот Чак Блејзер е клучниот човек на ФБИ во истрагата за корупцијата. И самиот Блејзер призна дека добил мито за да го даде својот глас.
Само неколку дена откако го доби петтиот мандат да ја води ФИФА, Швајцарецот Сеп Блатер реши да се повлече од фунцкијата. Причината веројатно лежи во тоа што ФБИ спрема истрага и за неговото работење.
Поранешниот фудбалер на Јувентус стана прв човек на европскиот фудбал во 2007 година, а денес во Виена доби нов мандат во кој борбата против расизмот и хулиганите ќе му биде главна цел.
Адвокатот Мајкл Гарсија напиша извештај на 430 страни во кој се открива корупцијата на ФИФА во врска со доделувањето домаќинство на СП 2018 и 2022. ФИФА не го објави во целост извештајот, по што УЕФА се закани дека ќе ја напушти светската фудбалска организација.
Светското фудбалско првенство во Катар се игра за 8 години, а уште сега почнаа дебатите како ќе се играло на 50 степени. ФИФА и УЕФА имаат спротивни ставови, а сега и клупската организација нуди решение за горештините.