Кои се кандидати за претседател на ФИФА

ФИФА ги потврди седумте кандидати кои ќе се тркаат во претседателската трка на оваа организација на 26. февруари. Изборите се распишаа во исто време со истрагата за мито и корупција на Блатер.

Кандидати се: Принцот Али бин ал-Хусеин, Муса Билити, Жером Шампањ, Џани Инфантино, Мишел Платини, Шеик Салман бин Ебрахим ал-Калифа и Токио Сексвејл.
Поранешниот фудбалер на Тринидад и Тобаго, Давид Накид е тргнат од листата.
 
Изборите се распишани за да се најде наследник на суспендираниот Сеп Блатер (79), кој е под истрага. Суспендиран е и претседателот на УЕФА, Мишел Платини, но изборниот комитет на ФИФА соопшти дека ќе му дозволи на Платини да се кандидира затоа што казната му истекува пред денот на изборите.
 
Џани Инфантино

Возраст: 45
Државјанство: Италијанско/Швајцарско
Години во фудбалот: 15
Моментна позиција: Генерален секретар на УЕФА (од 2009)
Претходни позиции: Се вработи во УЕФА како адвокат и генерален секретар на Меѓународниот центар за спортски студии (CIES) на Универзитетот во Нешател.
Изборен манифест: „Мојот манифест ќе се базира на потребата од реформи и исто за развој на ФИФА која им служи на интересите на 209 фудбалски федерации, помали или поголеми и што го става фудбалот на врвот од нејзината агенда".

Токио Сексвејл

Возраст: 62
Државјанство: Јужна Африка
Години во фудбалот: 7
Моментна позиција: Руден тајкун
Претходни позиции: Борец во кампањата против Апартхејд (затворени цели 13 години на островот Робен), поранешен министер, член на анти-дискриминационото тело на ФИФА.
Што кажа за ФИФА: Во 2011 година по СП во Јужна Африка - „Одличен момент беше да се види ФИФА со нас во Јужна Африка, различни бои во виножитото кое прати порака низ светот дека ФИФА е обединета сила.

Принц Али бин ал-Хусеин

Возраст: 39
Државјанство: Јордан
Години во фудбалот: 16
Моментална позиција: Претседател на Јорданската фудбалска федерација и основач и претседел на Западно Азиската фудбалска федерација.
Поранешни позиции: Поранешен потпретседател на ФИФА
Што изјави: „Светскиот фудбал заслужува да го раководи светски признато тело кое ќе биде меѓународна федерација во служба на организацијата и модел за етичност, транспарентност и добро владеење.

Муса Билити

Возраст: 48
Државјанство: Либерија
Години во фудбалот: 5
Моментална позиција: Претседател на фудбалската федерација на Либерија
Претходни позиции: Бизнисмен, сопственик на компанијата Сримекс Оил и Гас Ентрерпрајс, најголемиот увозник на гас во Либерија.
Што изјави: Сите се согласуваме дека фудбалот проаѓа низ тежок момент и е во недостиг на големи лидери во овие тешки моменти.

Мишел Платини

Возраст: 60
Државјанство: Француско
Години во фудбалот: 43
Моментална позиција: Претседател на УЕФА (од 2007ма) и потпретседател на ФИФА
Претходни позиции: Играше за Нанси, Сент Етјен и Јувентус. Капитен на Франција со која го освои ЕП 1984. година. Селектор на Франција од 1988 до 1992. година. Од 1992 до 1998 беше прв човек на Организацискиот комитет на Светските првенства на ФИФА и потпретседател на француската фудбалска федерација од 2000. година. Од 2002. година Мишел Платини беше член на извршниот комитет на ФИФА.
Што изјави: „Сметам на вашата поддршка и заедничката љубов кон фудбалот со кои заедно можеме да ја направиме ФИФА почитувана и сакана од сите луѓе".

Жером Шампањ

Возраст: 57
Државјанство: Франција
Години во фудбалот: 17
Моментална позиција: Консултант во меѓународниот фудбал
Претходни позиции: Поранешен дипломат, работеше за ФИФА 11 години како советник на Сеп Блатер, пред да даде оставка во 2010. година.
Што изјави: Во време кога на ФИФА ѝ треба повеќе од било кога отворена дебата за нејзината иднина, за нејзините реформи и реформите во фудбалот, сведоци сме дека првите месеци на изборната кампања беа одбележани од контроверзи и договори зад затворени врати".

Шеик Салман бин Ибрахим ал-Калифа

Возраст: 49
Државјанство: Бахреин
Години во фудбалот: 17
Моментална позиција: Претседател на азиската фудбалска федерација и потпретседател на ФИФА
Што изјави: „Не барам да бидам извршен претседател. Мислам дека треба да ги донесеме внатре правите луѓе, треба да донесеме професионалци да ја работа работата".