Сеп Блатер и Мишел Платини одлежуваат суспензија од 90 дена за префрлени 2 милиони долари кои Блатер му ги префрлил на Платини за завршена задача како негов советник во периодот од 1999-та до 2002 година.
Судиите во Етичкиот комитет на ФИФА за истата работа ги шутнаа од фудбалот во следните 8 години и утврдија дека Блатер го прекршил Кодексот за Етика во однос на судирот на интереси, рушење на лојалност и нудење подароци.
Тие негираа и изјавија дека парите биле префрлени на легален начин, а поднесуваа и жалби. За наследник на Блатер кој е претседател на ФИФА од 1998 година, се местеше токму Платини кој сега нема да може да се кандидира на изборите кои се закажани за 23 февруари.
Првите луѓе на двете водечки фудбалски асоцијации се казнети и парично. Блатер со 40.000, а Платини со 80.000 долари.