Мишел Платини:

Точно е, Блатер ми даде непријавени пари

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини призна дека за спорната исплата од 1,8 милиони евра колку што примил од претседателот на ФИФА, Сеп Блатер не постои никаков писмен договор.

Во интервјуто за францускиот Ле Монд, првиот човек на УЕФА вели дека парите од Блатер ги примил врз основа на устен договор.
„Во секој случај дознав дека во швајцарското право устениот договор има иста вредност како и пишаниот договор. Тоа беше договор меѓу двајца мажи. Он требаше да стане претседател на ФИФА. Му верував“, вели Платини кој истакна и дека Блатер стои зад исплатата поради која и двајцата се суспендирани на 90 дена во ФИФА.
Пишан или премолчен договор е прашањето кое е во фокусот на јавноста откако се откри дека Блатер на Платини во 2011. година му исплатил 1,8 милиони евра пари од ФИФА за советнички работи кои Французинот ги извршувал од 1999. до 2002. година.
 
Инаку, непостоењето на пишан договор би можеле да ги натераат европските фудбалски федерации кои му дадоа целосна поддршка на Платини да ја повлечат поддршката како што направи Англискиот ФА во петокот.
 
Во интервјуто за Ле Монд, Платини меѓудругото изнел и неколку детали за исплатата. Како што вели, договорот со Блатер е постигнат пред 17 години, односно во 1998. година кога Швајцарецот беше избран за претседател на ФИФА, после што Блатер му понудил на Платини да му биде „советник за фудбалски прашања“.
„Како сакаш, праша Блатер. Милион одговорив. Што милион сакаш, рубљи, фунти, долари? Тогаш немаше евра и тој ми одговори: Во ред, милион швајцарски франци годишно“, раскажал Платини за Ле Монд како се одвивал разговорот со корумпираниот Блатер.
Мишел Платини истакнал уште и дека исплатата ја добил во 2011. година, односно дури девет години по завршувањето на таа „советничка функција“. „Требаше да бидам попаметен и да барам некаква потврда за таа исплата, така немаше да дојде до сево ова“, додава Платини.
 
Во меѓувреме и Сеп Блатер изјави дека станува збор за џентлменски договор и дека таквиот договор е спроведен во дело. Дали навистина било така ќе објасни швајцарското обвинителство кое покрена постапка за оваа нелегална исплата.
19 октомври 2015 - 14:17