Кога шеикот принц на Кувајт прекинал меч од Светско првенство со Франција

Од основањето на фудбалската репрезентација на Кувајт, оваа селекција до денес играла само едно Светско првенство и тоа едно го одбележал принцот на оваа земја, Шеик Фахад кој слегол на терен.

За една нација како Кувајт која не може да се пофали со големи успеси на спортски план, пласман на Светско првенство во фудбал бил планетарен историски успех. Особено што првиот официјален меч го одиграле во 1961-ва.

Златниот период за кувајтскиот фудбал почнал од Азискиот Куп во 1980та кога ја победиле Јужна Кореа во финалето на турнирот чиј домаќин бил Кувајт. Две години подоцна, во квалификациите за Светско првенство биле против Нов Зеланд, Кина и Саудиска Арабија и успеале да обезбедат пласман на Мундијалот во Шпанија.

На ждрепката им се паднале Англија, Франција и Чехословачка. За еуфоријата да биде уште поголема, Кувајт во првото коло одиграл нерешено со силната Чехословачка па Франција и Англија сфатиле дека ќе мора да се испотат за да ги победат.

Особено што Англичаните ја победиле Франција со 3-1, па „триколорите“ предводени од Мишел Платини и Алан Жире сега морале да го победат Кувајт во 2. коло.

*****

Мечот се играл во Ваљадолид, а на Французите им требале 30-ина минути да го скршат отпорот на фудбалерите на Кувајт. Бернар Женгини од слободен удар го отворил резултатот, а набрзо и Платини нашол пат до мрежата за 2:0. 

Франција тука не застанала и во 48’ минута Дидие Сикс зголемува на 3:0 со ло удар. Кувајт се обидел да ја спаси гордоста со голот на Абдулах Ал-Булуши на 15 минути пред крајот, а набрзо се случил до тој момент невиден настан.

По една акција на Платини и Жирес, овој вториот додека трча кон голот се слуша свирка од гледалиштето која многу потсеќа на судиското свирче. Кувајтскиот стопер подзастанува, а Жире дава гол за 4:1.

„Во еден момент сите стојат и гледаат кон трибината каде кувајтскиот емир мавта со рака и им вика на своите напуштајте, напуштајте терен. Таму имаше бројна шпанска полиција која што наместо да не го пушти, му дозволува на емирот слободно да се симне на теренот“, се сеќава Жирес на моментот веднаш по неговиот гол.

Шеикот отишол да зборува со украинскиот судија Мирослав Штупар, поранешен голман на Украина и да го убедува да го поништи голот, зошто претходно се слушнала судиска свирка. А шпанската полиција го отстранила францускиот селектор Мишел Идалго.

На крајот судијата Штупар го поништува голот на Жирес, под притисок на кувајтскиот шеик. После неколку дена ФИФА доживотно го суспендирала судијата Штупар. 

После 10 минути збрка на теренот, судијата го продолжил мечот, со потфрлање на топка на местото каде Жирес ја примил од Платини пред даде гол. Среќа во несреќа што Французите реагирале мирно, шеикот Фахад се вратил во ложата, а Франција набрзо преку Максим Босис зголемила на 4-1.

ФИФА го казнила шеик Фахид кој бил и претседател на репрезентациајта на Кувајт со 8.000 фунти. Во последното коло Кувајт изгубил од Англија 1:0 и испаднал од своето единствено Светско првенство до денешен ден.

Сите голови од мечот:

Неколку месеци пред неговата смрт, шеикот Фахад Ал Ахмед Ал Џабар го поканил Мишел Платини во неговата земја, во знак на извинување за циркузот што го направил.