Го знаете она, се игра додека не победи домаќинот? Епа во Кувајт во ситуацијава важи за гостинот, а средбата без срам и перде ја решава главниот судија кој успеа да ја победи ВАР технологијата и да си го извалка угледот за сите пари.
Од основањето на фудбалската репрезентација на Кувајт, оваа селекција до денес играла само едно Светско првенство и тоа едно го одбележал принцот на оваа земја, Шеик Фахад кој слегол на терен.
Од земјата од која сме научени да не е интересна освен ако не се почнува уште некоја Заливска војна сега имаме лик кој е на граница меѓу масовен пренк и бескрупулозен преварант.
Двојното проигрување и мајсторијата со жонглирање не е дело на Меси - Суарез, Нејмар - Мбапе или Игуаин - Дибала, туку на за нас анонимни играчи од Кувајт. Ма браво, лупајте на најавна шпица.