За разлика од остатокот од светот, жителите на Кувајт го користат Инстаграм како излог на продавница, притоа нудејќи се и сешто преку социјалната мрежа.
"Ако имаш Инстаграм, можеш да ставиш цена на се', да го фотографираш и да го продадеш. На пример, можеш да ја земеш лименкава Сан Пелегрино, да ја обоиш розова, да додадеш срце на неа и да ја ставиш на продажба. Дури и баба ми има инстаграм бизнис," објаснува уметникот Фатима Ал Кадири.
Затоа што Инстаграм не нуди онлајн плаќање, продавачите заедно со производот го оставаат и својот WhatsApp или Kik број на кој купувачите можат да ги контактираат за да се договорат за плаќање. Целата работа е толку распространета што се организира саем за Инстаграм бизниси.