Трговец со риба од Кувајт е затворен откако било откриено дека им ставал пластични шашави очи на рибите што ги продавал за тие да изгледаат посвежи.
Видео и слики од рибите кружат меѓу кувајтските корисници на социјални мрежи, а веста ја пренесе и весникот Ал Бајан.
Реакцијата од конкуренцијата беше инстантно рекламирање на свежа риба „без козметика“.
За сега не се знае колку риба му успеало на трговецот да продаде, ниту пак на колкава количина биле залепени пластичните очи.
Во јули, друг трговец со риба во Кувајт беше затворен по обвиненија дека ставал железни клинци во рибата за да и ја зголеми тежината.