Истражната комисија на Комитетот за етика на ФИФА го поднесе својот извештај во кој бара казни за Сеп Блатер и Мишел Платини, но поради презумпција на невиност одлучи да не открива детали од извештајот.
Според пишувањата на францускиот весник l'Equipe, нивните барања се доживотна суспензија за првиот човек на УЕФА кој се терети дека примил мито од 1,8 евра од претседателот на ФИФА.
Тврдењата на двајцата се дека тоа е сума на пари направена врз основа на устен одговор, со која Блатер му платил за работен ангажман како советник на ФИФА во периодот од 1999-та до 2002 година.
Според Светската куќа на фудбалот со тоа биле прекршени етичките правила и сега конечната одлука околу санкциите се очекува да биде обелоденета следниот месец.
Платини и Блатер во моментов издржуваат суспензија од 90 дена во фудбалот, а откако ФИФА ги одби нивните жалби, најавија дека ќе се жалат и во спортскиот суд во Лозана.