Блатер призна за топли и студени топчиња на ждрепките

Посрамениот поранешен претседател на ФИФА, Сеп Блатер изјави дека некои ждрепки во УЕФА биле местени со стариот познат метод на топли и студени топки, но дека во ФИФА тоа никогаш не се правело.

Јозеф Сеп Блатер, поранешниот генерален секретар и долгогодишен претседател на најголемата светска фудбалска федерација во интервју за аргентинскиот 'La Nacion' додаде дека местењето се одвивало додека Платини бил прв човек на УЕФА.
 
Дел од интервјуто:
 
'La Nacion': Ждрепката за Бразил 2014 беше екстремно поволна по Аргентина. Кружат теории дека ако Грондона и Блатер биле во војна, Аргентина би имала многу потежок ждреп или дека ако вие двајца сте биле блиски ждрепката би била подобра.
 
Блатер:Имаше само една личност со таква моќ во Европа. Артемио Франко (поранешниот претседател на УЕФА) имаше обичај да го прави тоа за клупските натпреварувања. Јас не го правев на Мундијалот 1978, туку правев се што можам да биде магија. Тоа е шега. Ждрепката беше чиста до крај. Никогаш не сум ги чепнал топчињата, нешто што други го правеа. Секако, можно е ако топките се топли или студени па сигнализираат на тој начин.

'La Nacion': Значи теоријата за „топло-ладно“ е вистинита?
 
Блатер: Секако. Технички тоа е изводливо. Не се случувало во ФИФА, но бев сведок на ждрепки на европско ниво каде се случуваше. Но никогаш во ФИФА. Уверувам дека може да се намести, но никогаш под моја контрола, никогаш.
 
'La Nacion': Како точно функционира?
 
Блатер: Топчињата за ждрепката ги ставаме во замрзнувач пред ждрепката и со најмал допир можеш да кажеш дали е топла или студена. Кога ќе ја допреш, точно знаеш која ја имаш.