Мишел Платини е уапсен и приведен во Париз како дел од истрагата за мито и корупција околу доделувањето на Катар да биде земја домаќин на СП 2022.
Тој се сомничи дека примил поткуп за да го даде својот глас за Катар и со тоа влијаел врз конечниот исход на гласањето.
Катар стана домаќин на СП 2022 на контроверзен начин со многу обвинувања за поткуп на гласови и дури 16 од вкупно 24 луѓе од ФИФА кои гласаа се суспендирани, а дел се под истрага.
Телеграф пишуваше дека Платини се сретнал меѓу 30 и 50 пати со претседателот на азиската фудбалска федерација, Мохамед бин Хамам, кој инаку е доживотно суспендиран од фудбалот токму поради купувањето на гласови.
Славниот француски фудбалер беше дел од извршниот комитет на ФИФА од 2002-ра до 2015-та кога заедно со Сеп Блатер добија 8 годишна суспензија. Првиот човек на ФИФА на нелегален начин му исплатил 2 милиони долари за консултантски услуги меѓу 1998-ма и 2002-ра година за што и самиот Платини призна.
Тој поднесе жалба прво до етичкиот комитет на ФИФА, а потоа и до Судот за спортска арбитража во која бараше целосно укинување на суспензијата, но и двете институции одлучија само да му ја намалат на по 2 години.
4 годишната суспензија му истече во март годината. Платини не беше задоволен и одлучи да си поднесе оставка од претседателската функција на УЕФА која му траеше од 2007-ма до 2015-та.
Француските медиуми пишуваат дека утринава без апсење, туку само на сослушување бил повикан и Клод Геан кој му е поранешниот советник на Никола Саркози.