
Славното легнување на земја на Платини всушност не е прослава на гол, туку протест кон судијата бидејќи му поништи фантастичен погодок во финалето на Интерконтиненталниот куп во Токио, 1985-та.
Мишел Платини сепак се запиша меѓу стрелците во регуларните 90 кои завршија 2:2 со удар од белата точка, а мечот против Аргентинос Жуниорс го добија на пенали со 4:2, токму со решавачкиот гол на Французинот.
Знаете ли кој е фудбалерот со број 13 кој го прегрнува Платини од позади? Стефано Пиоли кој тогаш имал 20 години, а за Јуве играл три сезони.