Мишел Платини не е задоволен од одлуката на Судот за спортска арбитража и поднесе жалба во која бараше целосно укинување на суспензијата, но таа му беше намалена од 6 на 4 години.
Во првичните казни првиот човек на УЕФА беше суспендиран на 8 години поради неетичка трансакција на пари и по првата жалба до етичкиот комитет на ФИФА таа му беше намалена на 6. Но Платини тврди дека нема направено никаков прекршок во работењето.
„Денешната одлука на судот ја гледам како длабока неправда. Одлуката ми нанесува суспензија која ме стопира да учествувам на следните избори за претседател на ФИФА. Како што беше договорено со националните федерации, се повлекувам од УЕФА за да ја продолжам мојата битка со швајцарските судови и за да докажам дека сум невин“, се вели во соопштението на Платини.
Првите луѓе на ФИФА и УЕФА се соочија со суспензии откако беше откриено дека Блатер на Платини на нелегален начин му исплатил 2 милиони долари за консултантски услуги во периодот од 1998 до 2002 година.