Според канцеларијата на јавниот обвинител на Швајцарија документите се поврзани со спорната исплата од 2 милиони швајцарски франци или 700.000 фунти кои Сеп Блатер му ги исплатил на Мишел Платини.
Одземањето на документите во Париз се извршило на барање на Швајцарија, а од канцеларијата на швајцарското јавно обвинителство изјавија дека Фудбалската федерација на Франција се согласила да биде извршена потрага во нивните канцеларии.
Швајцарскиот обвинител го обвини Блатер за злоупотреба на договор за ТВ права и за нелојална исплата до Платини за работа извршена во 1998 година кога бил негов советник.
Блатер и Платини се суспендирани во сите активности поврзани со фудбалот во период од шест години, откако Етичкиот комитет на ФИФА ги прогласи за виновни.
Тие се бранеа со ставот дека исплатата била извршена врз база на џентлменски договор и рекоа дека ќе поднесат жалба до Арбитражниот спортски суд.