ЈАНУАРИ – По 17 сезони, 708 меча и 185 гола, Стивен Џерард најави дека по крајот на сезоната го напушта Ливерпул и заминува во Лос Анџелес Галакси. На последниот меч против Кристал Палас, навивачите го поздравија со огромна кореографија.
ФЕВРУАРИ – Пред мечот од Лига Европа меѓу Рома и Феенорд, холандските навивачи правеа нереди низ центарот на Рим, а мета им беа и историските знаменитости.
МАРТ – Судот и официјално го означи банкротот на Парма поради долгови од 218 милиони евра. Фудбалерите ги доиграа натпреварите во Серија А, а потоа клубот означи нов старт од петта лига.
АПРИЛ – Со понуда од 500 милиони евра, тајландскиот тајкун Би Таечаубол се понуди да откупи 51% од акциите на Милан, но до денеска Берлускони тоа не го официјализираше.
МАЈ – Со победа од 1:0 на гости против Сампдорија, Јувентус со четири кола до крајот на сезоната го освои четвртото Скудето по ред, прво на Алегри.
ЈУНИ – Берлин беше домаќин на финалето од ЛШ, а пехарот отиде во рацете на Барселона кои славеа со 3:1.
ЈУЛИ – Чиле за прв пат во својата историја ја освои Копа Америка, откако во финале на пенали ја совлада Аргентина со 4:2.
АВГУСТ – По неуспешната сезона во Ливерпул, Марио Балотели се врати во Милан каде претходно настапуваше во сезоната 2013/2014. За сега има три настапи и еден гол.
СЕПТЕМВРИ – Блатер и Платини се под истрага за исплатени 2 милиони долари. Првиот човек на ФИФА на француската фудбалска легенда му ги исплатил за советничка работа завршена во периодот меѓу 1999-та и 2002-та. Во декември и двајцата беа суспендирани на 8 години.
ОКТОМВРИ – Прв историски пласман на Албанија на Европско првенство. Клучна побеше победата против Ерменија од 2:0.
НОЕМВРИ – За време на трагичниот 13 ноември во Париз кој беше погоден од терористички напади, силни експлозии се слушнаа и за време на пријателската средба меѓу Франција и Германија. Жртви имаше и во близина на стадионот.
ДЕКЕМВРИ – Лестер го совлада Челси со 2:1, а тоа значеше отказ за Жозе Мурињо.