Хрватите во Сплит играа против Италија пред празни трибини, но и покрај тоа се случи скандал со исцртаниот кукаст крст на теренот на Пољуд. Хрватска играше без публика поради расизмот на претходниот дуел со Норвешка и во УЕФА веќе се изготвува драстична казна за Коцкестите.
Зоран Милановиќ, хрватскиот премиер на Платини му напишал дека Хрватите за времето на Втората светска војна биле партизани, а не нацисти.
„Ви го праќам ова писмо загрижен за судбината на хрватската национална селекција во текот на дисциплинската постапка која што е последица на тажниот инцидент на маргините на квалификациониот меч за ЕП 2016. Хрватска - Италија во Сплит 12. јуни. од уште непознати сторители јасно и одлучно осудени од сите страни на политичкиот спектар. Во тој контекст би сакал да истакнам дека Хрватска за време на Втората светска војна имала најголем удел во антифашистичките сили меѓу населението во окупирана Европа. Го истакнувам ова за да појаснам дека сторителите на овој гнусен чин во Сплит немаат поддршка ниту разбирање во хрватското друштво. Апелирам на Вас, господине претседателе, да не допуштите ЕП 2016 да се одржи без настапот на сите најдобри репрезентации. Играта мора да се одигра на фудбалскиот терен“, стои во делот од писмото на Милановиќ.
Од УЕФА сè уште нема никаква реакција на писмото на хрватскиот премиер, а казната се очекува да биде изречена до средината на август.