Тажната романса меѓу Интер и Платини

Во зимскиот преоден рок 1978-ма еден од најдобрите фудбалери во историјата потпиша за Интер. Го плаќаа уште додека играше за друг клуб, но спортскиот директор помеша два поими „натпревар“ и „станица“. Потоа му го загубија трагот и го видоа со дрес на Јувентус.

Повлекувањето на легендарниот Сандро Мацола од Интер по 17 години престој на Меаца, значеше дека клубот ќе треба да бара достојна замена за тоа плејмејкерско место. Замената ја барал самиот Мацола кој стана спортски директор на Интер.

Првиот обид му бил кога доцна во ноќта тропнал на вратата на газда Ивано Фрацоли и веднаш му објаснил за неочекуваната посета.

„Следиме едно момче. Има 23 години и е шампион. Тоа го сфатив за пет минути. Има голема харизма и многу е сериозен“.

Тој февруари 1978 година Мишел Платини пристигнал тајно во Милано и потпишал претдоговор со Интер. Мацола немал никакви дилеми за неговиот наследник кога го видел како работи со топката за Нанси, а Фрацоли одлучил да отвори и шампањ стар 19 години.

Договорот паднал, но претседателот Фрацоли не го отворил правилно шишето, а од тапата се слушнал тап звук. Тоа го сметале за лош знак дека трансферот нема да се официјализира и тоа и се случило бидејќи во тоа време во Италија имало забрана за купување странци.

Но преговорите и натаму траеле бидејќи се најавувало дека тогашниот претседател на италијанската фудбалска федерација, Артемио Франки ќе попушти и од наредната сезона ќе даде виза за странци во Серија А.

На Платини му останало уште една година договор со Нанси кои му нуделе и нов за поголема плата, но Фрацоли во претдоговорот со него прифатил да му ја плаќа разликата од неговата идна плата во Интер се додека не дојде на Милано. Целиот дил бил завршен тајно и тоа без да знае и тренерот Еуџенио Берселини.

Платини ги минал лекарските прегледи и по првиот тренинг, Берселини го прашал Мацола:

„Сандро кажи ми кој е овој? Нов ли е? Не е нов, не се секирај. Подобро така бидејќи има рамни табани“.

Италија потоа играла пријателска против Франција, а дечкото со рамни табани растурал на терен. Прво дал гол од слободен удар кој не можеле да го одбранат и двајца како Дино Ѕоф, но судијата му го поништил бидејќи не свирнал за да го изведе.

„Сандро ми се чини дека го познавам овој што даде гол, рамни табани да да, но ми се чини дека знам како да го искористам“, искоментирал тренерот на Интер.

Платини не се грижел поради поништениот гол, бидејќи после неколку минути дал нов од речиси истата позиција. Мацола славел и се гордеел со неговата прва завршена работа како спортски директор.

Но на стартот од новата сезона, во Милано се шокирале, бидејќи Артемио Франки не попуштил и понатаму го спроведувал правилото за купување странци. Фрацоли не сакал повеќе да чека и одбил да му дава плата, а договорот на Платини со Нанси истекол и потоа преминал во Сент Етјен.

По четири години во 1982-ра, нероаѕурите повторно тргнале кон Платини, бидејќи таа година Италија станала светски првак, а фудбалската федерација конечно ја тргнала забраната за купување странци. 

Претдоговорот со Интер

Овој пат на средба со Платини, во Франција отпатувал спортскиот директор Џанкарло Белтрами и во разговорот му рекол „Nous voyons...après la gare“, што на француски значело „Ќе се видиме после на железничка станица“.  

Платини го гледал бледо и ништо не му одговорил. Gara на италијански значи натпревар, а gare на француски значи станица. Белтрами бил убеден дека ќе се најдат после средбата и заедно ќе тргнат за Милано, но Платини според “договорот“ заминал на железничка и чекал сам. 

На тој начин Интер по втор пат го загубил големиот фудбалски бисер кој потоа завршил во Јувентус. Италија донесе забрана за странци по дебаклот на СП 1966 година кога по поразот од Северна Кореја не успеаа да ја поминат групната фаза. 

Поради оваа забрана на Франки, Интер остана без шест освојувачи на Златната топка, меѓу кои и Франц Бекенбауер и Еузебио кои беа договорени трансфери. 

21 јули 2015 - 15:02