Град: Палермо
Клучни Ултра групи: Commandos Aquile, Warriors Ultras Palermo 1980, Ultras Palermo 1900, Brigate Rosanero.
Во април 2014. година, малиот Хозе за прв пат застана на северната трибина од стадионот Ренцо Барбера. Додека на многу млади Италијанци сонот им е да го слушнат нивното име од трибините додека играат на теренот, амбицијата на Хозе е да биде дел од навивачките групи на трибините.
Тоа не е мала работа, затоа што треба да чукаш на тапан 90 минути или да вееш голем барјак или да врескаш на мегафонот. Навивачите го донеле Хозе веднаш до лидерите кои го водат навивањето. Хозе боледува од Даунов Синдром и тоа дава слика за Ултрасите која е спротивна на онаа во медиумите.
Навивачите најчесто се оцрнувани, поврзувани со криминал, изнуда, насилство и инциденти, а ретко кој зборува за кореографиите, песните, пиротехниката и атмосферата.
Палермо како град е мешавина од неколку култури, а доказ за тоа се арапските куполи, барокните фасади и архаичните палати. Културната разлика на Сицилија во голем дел е поврзана со историјата и стратешката позиција во срцето на Медитеранот. Низ Палермо поминале многу војски, инвазии од Картагенци, Грци, Римјани, Сарацени, Французи, Шпанци...
Од таа причина нема хомоген стил во Палермо, никогаш немало и нема да има. Сепак сите се собираат околу едно нешто: U.S. Citta' di Palermo, италијанскиот прволигаш. Поддршката на Розанеро (Розецрни) оди рака под рака со припадноста на Сицилија. Првото навивачко движење во Палермо било во 1977. година кога младите луѓе се собираат под името Commandos Aquile, инспирирани од римската група Commando Ultra Curva Sud (поим за Ултра движење во раните '70-ти и 80'-ти години.
Во 1980. година се основани две големи групи, Brigate Rosanero и Warriors Ultras Palermo, екипи кои стануваат авангарда на организираното навивање. Јадрото на групите го сочинуваат млади луѓе од населбата Оливела во Палермо.
Со осцилации меѓу првите три лиги, Палермо полека го зацементирува своето место во Серија А, а со тоа и северната трибина станува сè поисполнета. На почетокот на 2000. година, клубот го презема Маурицио Ѕампарини, познат како Mangia allenatore (Јадач на тренери).
Клубот се крева на повисоко ниво, игра во Европа, завршува на петтото место во Серија А и стигнува до финалето на Копа Италија. За сето тоа време, Brigate и Warriors го следат клубот насекаде и покрај напорните гостувања далеку од островот. Со текот на времето, популарноста на групата Warriors стигнува и надвор од Сицилија, така што се формираат и секции во регионите Ломбардија, Емилиа Ромања и Лацио.
Најголемо ривалство имаат со навивачите од Катанија, омраза која кулминираше во 2007. година кога после големите инциденти во Катанија загина полицаецот Филипо Рачити. Во Палермо често може да налетате на графити Forza Etna, со кои се алудира на вулканот кој често ги вознемирува граѓаните на Катанија.
Иако се големи ривали, љубовта кон Сицилија ги обединува, но поради големата гордост, тие никогаш нема да ви го признаат тоа. Навивачите на Палермо парадоксално се збратимени со оние од Падова. Парадоксално затоа што во Падова на последните избори со 60% победи партијата Lega Nord која важи за десница која се залага за „чиста“ (без емигранти) Италија.