И покрај тоа што е аматерски фудбал во Италија, сепак нема човек во оваа фудбалска земја кој ќе го заборави ова затоа што се случува еднаш, а го прави само човек удрен со мокра чорапа.
Дечкото се вика Игнацио Барбагало кој и не е баш дечко со своите 55 години. Тој организираше едно нестварно шоу на денот кога реши да му каже збогум на фудбалот. Дејствието се случува на островот Сицилија, а ова што ќе го видите не е филм, туку реална и неповторлива сцена.
На сред натпревар на терен слетува хеликоптер, а од него излегуваат двајца вооружени и маскирани мажи. Го бараат Игнацио, го качуваат во хеликоптер и кидавела. Скоро цел тим се крие позади клупата за резервни играчи поради големата прашина, а тие што останаа гледаа чудно и исплашено.
Првиот впечаток е дека се работи за киднапирање, а целата лудорија уствари да ти ја организрал самиот фудбалер кој во Италија е познат по своите шеги. Оваа нема да му помине без казна.
Игнацио Барбагало е суспендиран до 30 јуни 2019-та поради напуштање на теренот без дозвола на судијата служејќи се со хеликоптер кој без дозвола слетал на терен, со што го принудил судијата да го прекине мечот поради потенцијална опасност на играчите.
Казна има и за клубот. Парична од 200 евра и суспензија на теренот до 31 мај 2019-та поради тоа што дозволил како домаќин да има прекин и да биде загрозена безбедноста на присутните. Полицијата била известена.
Па дали си ти Игнацио нормален? Па уште и со камери фино е покриено “киднапирањето“. Се снима и од надвор и од внатре.
Малку подолга верзија