Раководните луѓе на Серија А, меѓу кои и извршниот шеф Луиџи де Сиерво, заедно со неколку уметници, меѓу кои Симоне Фугаѕото, откриле изложба за време на прес-конференција во седиштето во Милано.
Околу нив имаше постери со ликови на мајмуни со офарбани лица.
„Италијанскиот фудбал уште еднаш го остави светот без зборови. Мноу е тешко да се сфати како Серија А размислува, со кого се консултира воопшто. Во земја во која авторитети не можат да се справат со расизам од недела во недела, Серија А пушта кампања која изгледа како болна шега.
Овие креации се навредливи, ќе бидат контрапродуктивни и ќе продолжи дехуманизација на луѓето со Африкански потекло. Време е прогресивните клубови во лигата да го кренат гласот“, стои во соопштението на анти-дискриминаторското тело ФАРЕ.
Расизмот е долгогодишен проблем во италијанскиот фудбал. Од минато-сезонските „хукања“ и мајмунски крици до Кулибали од Наполи, па до скандалите сезонава на Сардинија каде гомила идиоти го навредуваа Ромелу Лукаку, па се до скандалозната насловна страна на Кориере дело Спорт кој напиша „Блек Фрајдеј“ со Крис Смолинг и Ромелу Лукаку на насловна страна како најава за мечот Интер - Рома.
Уметникот Симоне Фугаѕото кој секогаш користел мајмуни во неговите уметнички творви, рекол:
„За еден уметник нема ништо поважно од она да ја смени перцепцијата на работите преку неговото дело. Одлучив да правам портрети од мајмуни кога се зборува за расизмот затоа што тие се метафора за човечки битија. Минатата година бев на стадион да ја гледам Интер - Наполи (меч на кој Кулибали непрестено беше расистички навредуван) и се осетив посрамен, сите правеа мајмунски крици до Кулибали, играч кого го почитувам.
Сликам мајмуни пет или шест години, така што помислив дека ќе ги научам луѓето дека сите потекнуваме од мајмуни. Направив западен мајмун со сини и бели очи, Азиски мајмун со очи во бадемова форма и црн најмун позициониран во центар од каде се доаѓа. Мајмуните се тука за да ги научат сите дека нема разлика, нема човек или мајмун, сите сме слични. Ако ништо друго, ние сите сме мајмуни“, рекол авторот на сликите.
Неколку италијански клубови, во прв ред Рома, го кренаа гласот против оваа срамна кампања која е на рамниште на претходните расистички скандали во Серија А.
Art can be powerful, but we strongly disagree with the use of monkeys as images in the fight against racism and were surprised by the total lack of consultation. @SerieA_EN pic.twitter.com/M7wFjhsfj2
— AC Milan (@acmilan) December 17, 2019
#ASRoma was very surprised to see what appears to be an anti-racist campaign from Serie A featuring painted monkeys on social media today. We understand the league wants to tackle racism but we don’t believe this is the right way to do it. pic.twitter.com/jVLImrgS0y
— AS Roma English (@ASRomaEN) December 16, 2019