Ибра влезе во игра во 60’ минута наместо стрелецот на првиот гол Рафаел Леао и прво после само 50-ина секунди го тестираше Пепе Реина остро од агол, а после 7 минути игра зголеми на 2:0 за огромна радост на „Сан Сиро“ по асистенција на Анте Ребиќ.
Занимливост е што Ибрахимовиќ за три недели ќе полни 40 години а тој и натаму уште дава голови во топ лига како Серија А. 40 години!
Златан сега има гол во 26 сезони од разни лиги (понекогаш во една сезона даваше голови во две различни лиги). Лео Меси и Кристијано Роналдо уште се далеку од него по овој параметар.
Ибрахимовиќ не играше уште од 9 мај кога се повреди во дербито со Јувентус. Поради таа повреда не отпатува на Евро 2020 иако беше спремен уште еднаш да заигра за Шведска на голем турнир.
👑 - Zlatan Ibrahimovic🇸🇪 has now scored in 2️⃣4️⃣ different league seasons
— Gracenote Live (@GracenoteLive) September 12, 2021
2021/22
2020/21
2019/20
2019
2018
2016/17
2015/16
2014/15
2013/14
2012/13
2011/12
2010/11
2009/10
2008/09
2007/08
2006/07
2005/06
2004/05
2003/04
2002/03
2001/02
2001
2000
1999#MilanLazio #SempreMilan
„Ибрахимовиќ не играше четири месеци, така што среќен сум што даде гол. Ќе станува уште посилен на следните натпревари. Има жар внатре во себе и многу се бори на тренинзи и натпревари и секогаш се обидува да постигне максимални резултати“, изјави Стефано Пиоли, тренерот на Милан кој има 3/3 во новата сезона и со 9 бода е лидер на табелата заедно со Рома на Мурињо.
Ибрахимовиќ има 148 гола во Серија А и е на 7. место на вечната листа, но до 5. место му требаат уште само 7 гола. Петтото место го делат Ернан Креспо и Иштван Нерес.
На мечот со Лацио Ибра имаше и момент кога настапи како миротворец. Неговиот соиграч Салемакерс во еден момент се закачна со клупата на гостите а младиот Белгиец му покажа непримерен гест на тренерот Маурицио Сари кој доби црвен картон по бурната реакција.
„Ништо посебно не се случи. Млад играч покажа гест кој не се покажува на постари луѓе. Златан Ибрахимовиќ ја смири ситуацијата, го натера да се извини. Такви работи се случуваат на терен“, изјави спокоен Маурицио Сари.