Играле Кунео и Про Пјаченца. Гостите дошле само со 7 играчи и сите седморица имале 16 и 19 години. Дошле без тренер. На крајот Кунео ги совладал со 20-0 ама цела Италија им честита на децата од Пјаченца кои дошле машки да одиграат.
Во еден сосема спонтан кварт од милионскиот Рим има фудбалски клуб стар повеќе од 100 години. Повеќе од еден век играат во фудбалското подземје а горди се што за нив играл најголемиот Римјанин во модерната историја.
„Го знам јас него, уште од првиот ден кога дојде овде заедно работиме. Тој нема да отстапи од животниот сон да стане професионален фудбалски тренер“, рекол колега на Маурицио од банкарските денови. И погодил.
Симоне Инѕаги не успеа да ја круниса сезоната со пласман на Лацио во Лига на шампиони. Во само три-четири минути добија црвен картон, примија два гола и Интер после шест години оди во ЛШ. Тоа беше причина тифозите на Рома да играат мајтап.
Јувентус ја извојува седмата шампионска титула по ред откако ремизираше 0-0 со Рома во 37. коло од Серија А. За „Старата дама“ ова е 34-та титула во историјата а дури 9 од нив освоил голманот Буфон.
Да кажеш ќе отвора ланец ресторани или кафулиња, ќе се занимава со менаџирање млади таленти, со членство во управа, па да го разбереш. Ама овој видел не видел, отишол да снима порки.
Милан на мускули, едвај го победи Киево со 3:2 и се приближи до зоната која води во Лигата на шампионите. Мечот беше толку неизвесен во финишот што Гатузо не видел колку судијата продолжил, а за малерот да биде поголем, не видел ни тим-менаџерот Андреа Ромео задолжен за комуникации со четвртиот судија.
Во еден од најубавите градови на светот речиси 19 години нема прволигаш. Ретко кој го памети клубот кој некогаш играше во Серија А. Навивачите биле разочарани од разни ветувања, но на крајот на стадион ги вратил лукав американски адвокат со италијанско потекло.
Човекот кој од сенка палеше и гасеше во италијанскиот фудбал, вешто чекал големите екипи да се наддаваат за Џанлуиџи Буфон и од сенка сочекал прилика да го донесе во „Старата Дама“.
Газдата на Милан до октомври 2018-та треба да врати долг од 350 милиони евра. А се надевал дека ќе успее преку пласман на Милан во Лигата на шампионите, пат кој не само што е трнлив туку делува и непрооден. Во каква ситуација се наоѓаат „Росонерите“?
За Мамиќ, Ѕампарини, Хесус Хил и Џиџи Бекали знаеме речиси сè. Ако од сите нив ги извадиш најдобрите карактеристики ќе го добиеш Масимо Фереро, харизматичниот газда на Сампдорија чии навивачи го обожаваат. Неговиот животен пат немал многу што со фудбалот.
Италијанскиот фудбал го претрпе најголемиот неуспех во последните 60 години. За таквиот епилог на квалификациите за Светско италијанската јавност ги линчува селекторот Џанпиеро Вентура и првиот човек на сојузот, Карло Тавекио.
Човеков се вика Карло Тавекио. Има 74 години. Претседател е на Италијанскиот фудбалски сојуз. Освен тоа што од 1970 до 1998 заработил неколку месечни затворски казни поради дубари и фалсификувања не направил ништо значајно во фудбалот. Ретрограден, деструктивен шеф на италијанскиот фудбал кој стави и декадентен селектор.
Во Италија и натаму трае скандалот со навивачите на Лацио и налепниците со ликот на Ана Франк. Играчите на овој тим пред мечот со Болоња излегоа во маици со портретот на најпознатото еврејско девојче.
Италијанската втора лига отсекогаш била предмет на мистерија. Анонимни екипи од нигде никаде влегувале во Серија А, а славни клубови испаѓале во понизок ранг. Годинава конкуренцијата е ужасно голема а има и многу занимливи поединости.
На денешен ден во 2007-ма, пред точно 10 години Словакот стана нов играч на Наполи. Многу сакал и на крајот го довел поранешниот спортски директор Пјерпаоло Марино кој го зема од Бреша.
Со две промоции во две сезони, скромниот клуб СПАЛ од градчето Ферара ќе игра во Серија А после цели 49 години! На стадиончето „Паоло Маца“ од татко на син шалот ќе го носат навивачи кои ќе ги гледаат Јуве, Рома, Лацио, Милан, Интер, Наполи...