Како Лаки Лучано Моџи итро го донел Буфон во Јувентус

Човекот кој од сенка палеше и гасеше во италијанскиот фудбал, вешто чекал големите екипи да се наддаваат за Џанлуиџи Буфон и од сенка сочекал прилика да го донесе во „Старата Дама“.

„Буфон уште не беше голем голман, но веќе вредеше богатство. Ние немавме толку пари, и тоа не натера да бидеме вешти. Жалам што во клупскиот музеј нема места за трансферите кои придонесоа за минатите и сегашните успеси на Јуве. Тоа е прекрасна историја - за луѓето на кои не им требаа средства, но имаа смелост и знаење“ - Лучано Моџи, 2016 година.

Последните пар години пред трансферот биле тешки за Џиџи.

Тој и претходно паѓал во неволји, а тогаш сите покажувале со прст во него. Од кога стана голман на репрезентација го третираа поинаку. Порано кога ќе правел глупости веднаш објавувале и го осудувале. Во Парма се возел на скутерот и се поздравувал со пола град.

Во 1999 година Џиџи уште немал стандардно место на голот а во меѓувреме запамтил еден натпис кој го видел на школска клупа. "Boia chi molla" (Смрт за кукавиците). Тој натпис решил да го испечати на маица која што ја носел на мечот против Лацио под дресот - со цел да ја мотивира екипата.

За неколку дена дознал дека тоа е натпис на фашистичката Република Сало и девиза на ултра-десничарските калабриски востаници во Италијана почетокот на Челичните ’70-те - време на заговори, апсења, партиски војни.

Џиџи платил 5 милиони лири казна, но следното лето направил нова беља. Во 2000-та година, Серија А им дозволила на играчите да носат кој број го сакаат. Буфон се решил за 00 - симбол на големи јајца но го одбиле. Тогаш посакал да носи број 01 на грбот поради омилената американска серија „Војводите од Хазард“. На крај можел да одбере број 88: „Цела Италија знае што значат големи јајца и тие ќе ми требаат во новата сезона“, се пошегувал Џиџоне.

Еврејската заедница во Италија се запрепастила. Шефот на спортскиот оддел при еврејската заедница во Рим Виторио Павончело побарал јавно извинување: „Буфон е должен да го смени бројот на дресот од почит кон евреите, ромите и хомосексуалците“.

Џиџи се извинил (под присила на клубот) и на крај му дале да носи 77-ца во Парма.

Тогаш веќе било јасно дека „Крстоносците“ (некогаш познати и како „Млекари“) се низок плафон за голман со таков раскошен талент.

Јувентус одамна се интересирал за Буфон и Џиџи дознал за тоа. „Зебрите“ три пати по ред го губеа Скудетото и биле спремни за целосен ремонт на тимот. Управата на торинскиот клуб не била импресионирана од кратко-видиот великан Едвин ван дер Сар кој веќе беше во поодминати години и Буфон станал прва цел во нивните планови.

Но светот не се ограничува само на торинскиот суперклуб. Во мода тогаш беше и шампионската Рома чијшто газда Франко Сенси се свртел кон Буфон.

(Франко Сенси беше легендарен претседател на Рома од 1993 до 2008-ма. Син на Силвио Сенси - инженер и еден од основачите на Рома и човек кој го изградил првиот клупски стадион ’Кампо Тестачо’). Од клуб во банкрот Франко направи еден од најмоќните клубови во Италија.

На Франко Сенси малку му била титулата од 2001 - трета во клупската историја на „Волчицата“. Тој мечтаел за голема Рома која што ја нарекуваше своја четврта ќерка. Буфон така се упатил кон Рим: татко му Адриано и агентот Силвано Мартина договориле средба во резиденцијата Сенси.

Но Рома се предомислила. Барањата на Буфон биле високи, а оние на Парма астрономски. Голманите тогаш не вредеа 50 милиони. Римјаните се решија за Иван Пелицоли кој беше и помлад и помирен од Буфон. После шест години Иван се пресели во Локомтив Москва а подоцна изјави дека Русија му ја уништила кариерата.

После Рома, голем интерес пројавила и Барселона која во тој момент ги имаше младиот Пепе Рејна (замисли роден во Мадрид), Дутруел и Арнау. Но сите тројца претходната сезона примиле 79 голови. И покрај тоа Каталонците биле шокирани кога Парма барала 56 милиони евра!

Јувентус не ни помислувал на толку пари и Моџи се однесувал како играчот да бил на аукција па не се мешал до крај. „Лаки“ Лучано чекал момент од сенка и го убедувал Ван дер Сар дека на клубот не му треба друг голман.

Буфон бил многу загреан за Барселона, па менаџерот Мартина слетал во Шпанија. Но тогаш судбината сакала родителите на Џиџи да не сакаат да се одвојат од својот син и не им се допаднала каталонската варијанта.

(Адриано Буфон е татко му на Џанлуиџи. Поранешен атлетичар, репрезентативец на Италија. На еден собир во базата Форми побарал од некоја непозната девојка помалку да му се плетка пред патеката кога е таму. Таа девојка била трикратната шампионка на Италија во фрлање диск - Марија Стела Мазоко. Скоро станала негова жена. Татко му на Џиџи имал жесток и незгоден карактер. После слабите мечеви му викал и го казнувал поради што Буфон изјавил дека татко му одиграл клучна улога во неговата кариера).

Тогаш Буфон морал да се помири а во меѓувреме Моџи му се јавил на неговиот агент. Следниот ден Мартина и Адриано Буфон дошле во канцеларијата на алфата и омега на Јувентус. Лесно се договориле. Татко му на Џиџи се радувал што син му ќе остане во Италија, а агентот повеќе го слушал татко му отколку самиот голман. Сомнеж имал само стариот Ањели.

„Џиџи не прифаќа да игра за Јуве?, прашал Ањели. На ’сињората’ ѝ треба ’сињор’ колку што и него му треба ’сињора’ (госпоѓа). Ако сака да игра за друг клуб - бујрум.“

- „Конечно се согласува“, брзо одговорил татко му на Буфон, Адриано.

Брзо следеле формалности. После неколку дена Џиџи се вратил дома, а на преседување во Бангкок (се враќал од Австралија) примил факс од агентот. Џиџи го прочитал листото и сфатил дека оди во Јувентус.

Парма за него доби 38 милиони евра и поранешниот репрезентативец Џонатан Бакини, играч од среден ред кој после отиде на позајмица во Бреша а по неколку години беше суспендиран на една година поради користење кокаин. Џиџи тогаш стана Светски шампион со Италија.

Буфон го сакал бројот 77 но Лучано Моџи му рекол: „Ова е Јувентус, дај без циркузи“.

По трансферот Џиџи Буфон паднал во депресија. Екипата стартуваше ужасно (три победи за цела есен), а Џанлуиџи не бранеше совршено. Пред голот на Јуве имаше многу гужва и шутеви а не како во Парма по 1-2 шута по натпревар, па му требало голема концентрација.

Се повлекол во себе, малку зборувал со соиграчите и не излегувал од дома. Дури ни весници не читал. Му помогнал татко му кој му ја живнал кариерата: во детството секојдневно го тренирал, одел со него на преговори и ги проверувал договорите. Тогаш Адриано го советувал да издржи а Џиџи против Лацио го имаше најдобриот меч во дресот на Јуве до тогаш.

***

Во пролетта 2005-та Џиџи се шетал по Торино, разгледувал излози и се вљубил во еден модел од рекламен билборд. Дознал дека на 15. мај таа девојка ќе дојде на трибините на „Деле Алпи“. Суперменот Џиџи тогаш бранел совршено а вечерта излегол со новата познаничка.

Така Џиџи се запознал со Алена Середова која му родила два сина. На тој 15. мај Јувентус играше против Парма...