Италијански фудбалер се сели во порно индустрија

Да кажеш ќе отвора ланец ресторани или кафулиња, ќе се занимава со менаџирање млади таленти, со членство во управа, па да го разбереш. Ама овој видел не видел, отишол да снима порки.

Не е некој познат. Се вика Давиде Јовинела, има 24 години и професионалната кариера ја почнал во италијанската серија D (четврта лига) а последно играше за клубот Помиљано. Врти-сучи видел дека во ниските лиги нема нешто многу пари, сезонава заработил најмалку од кога игра фудбал, па решил да се проба во порно индустрија. И успеал.

Во Будимпешта поминал кастинг на кој учествувале дури три илјади кандидати!

 

🎥 @malena.official 😘 #DavideMontana #DaDà #PoiViSpiego®️ #work #mywork #hardwork #actor

A post shared by Davide Montana (@davide_montana_official) on

И не би се решиле за оваа приказна ако во неа не беше инволвиран култниот лик Роко Сифреди којшто на времето му кажал на малиот Давиде дека има „голем потенцијал“ да тргне по неговите стапки.  

Давиде Јовинела сезонава одиграл 1.549 минути но ни тоа не го убедило да остане во фудбалот.

„Не е ова баш како кога си во кревет со девојка ти, овде мораш многу напорно да работиш и да бидеш стабилен“, бил првиот коментар на Давиде кој вели и дека би можел да бара нов клуб во Унгарија.

24-годишниот Италијанец го одбрал псевдонимот Давиде Монтана (дури и на Инстаграм се потпишал така). Самиот признава дека после почетокот на кариерата во оваа индустрија немал многу време за фудбалот па поради тоа што често оди на снимање и кастинг во Унгарија, морал да премине во аматерски тим од шестата италијанска аматерска лига на Италија. 

 

GOOD MORNING 🔥 #DavideMontana #DaDà #PoiViSpiego®️ #hot #hot🔥 #actor #actorporno #sex

A post shared by Davide Montana (@davide_montana_official) on