Најоткачениот претседател во италијанскиот фудбал ужива со Сампдорија

За Мамиќ, Ѕампарини, Хесус Хил и Џиџи Бекали знаеме речиси сè. Ако од сите нив ги извадиш најдобрите карактеристики ќе го добиеш Масимо Фереро, харизматичниот газда на Сампдорија чии навивачи го обожаваат. Неговиот животен пат немал многу што со фудбалот.

Во мај годинава Сампдорија заврши десетта, летото продаде тројца најдобри играчи а есенва ги победи Милан, Јувентус и многу други екипи и во моментов е шеста.

„Со своето Фичо му светкав на Ферарито пред мене, но противникот не сакаше да се тргне од патот, па го соборив“ описно ја раскажа свежата победа над шампионот Јувентус, кино продуцентот Масимо Фереро.

На 25. јули 2009 година на свадбата на глумците Лука Арџентеро и Мириам Катанија меѓу гостите Масимо Фереро ја здогледал Мануела Рамуни - жената со „карактер како пантер и нозе како газела“. Жената која тој ја нарече последна во својот живот.

„Таа стана за мене изложба на современата уметност, ми го исполни книжевниот простор и ми го смени животот. Уште се прашувам како ја освоив“, му признал Фереро на новинарот на Sky Sport Алесандро Алчато.

До првата средба со Мануела, Масимо веќе имал три ќерки од претходните бракови (една од нив, Ванеса е во бордот на директори на Сампдорија), а првиот син го добил на 62 години. На 5. август 2013-та, на денот на неговиот роденден, Мануела му го подарила Роко Контенто, а после три години и Оскар.

А Фереро уште во 1990-та кога на режисерот Рики Тоњаци му фалело глумци за филмот „Ултра“, Фереро ја играл улогата навивач на Рома а го пропуштил влегувањето во Торино (кој го гледал филмот знае), поради крштевка на синот.

„Кога ќе ги пресечам вените, жена ми ќе види дека во мене тече жолто-црвена крв“, им викал Фереро на другарите и му се свртел на малото синче: „Ајде мали, кажи им на чичковците: Forza Roma! Како те учеше тато, ајде? Или ти не си ми син? ’Син ти е за Лацио’, го закачале другарите. „Ќе плачеш до сабајле ако не кажеш Forza Roma. -„Forza Roma“, викнал малиот.

Кога Рики Тоњаци на Берлинскиот филмсли фестивал добил „Сребрена мечка“ за најдобар режисер, Фереро подвикнал од публиката: „Гледаш дека ти носам среќа“.

РАНИТЕ ПОЧЕТОЦИ НА ПАЛАВИОТ ТРГОВЕЦ МАСИМО

Во римското студио Чинечита, Фереро доаѓал кога имал 9-10 години. Одел по комшијата, акробатот Џулиано Џемо. Малиот Масимо им се пикал низ нозе на снимателите, го бркале, а тој секогаш се враќал и таму научил занает: одел да му купува цигари на комичарот Франко Франки.

А подоцна режисерот Алесандро Блазето го викнал малиот Масимо на кастинг и го одбрал меѓу 40 деца. Тој добил мала улога на сцената со актерката Џована Рали а после и во уште неколку сцени.

Еднаш ги собирал купоните за попуст од поштенските сандачиња, купувал роба со нив (на пример прашок за перење), а после ги препродавал многу поскапо.

Бизнисот му пораснал па Масимо викнал и другари да му помагаат. Во еден момент стигнал дури и да купува цели вагони со портокали. Другите деца добивале по неколку пакети портокали а остатокот Масимо го продавал во својот роден римски крај Тестачо.

ПРОБЛЕМИ СО КАРАБИНИЕРИТЕ

Да се учи школо во таков бурен крај е незамисливо. Еднаш кога се враќал дома Масимо дознал од мајка му дека на врата го барале карабиниери: „Кажаа дека ќе те затворат. Што си направил?“ -Ќе ме однесат во школо. Зар не си радосна мамо? Од цела Италија го избраа твојот син. „Зошто баш мојот син?“ -Зошто сум глумец. Ме виделе во кино и сакаат да им помогнам за некоја реклама: да ја покажам на цела Италија важноста на образованието“.

Сабајлето тргнал во школо во полициско комбе: „Се чувствував како господар на светот и ги поздравував луѓето на улица како Папата Римски“, се сеќава Фереро во својата биографија.

На четрнаесет години Масимо завршил во затвор. И тоа поради девојка. Се запознал со некоја Рита од пристојно семејство. Нејзиниот татко бил против врската на малолетната ќерка со таму некој од хулиганскиот реон.

Масимо не можел да се помири. Еден ден со мотор поминал близу татко и на Рита кој бил сообраќаен полицаец и го удрил со раката по глава. На сообраќаецот му паднала капата, но на Масимо во тој момент му снемало бензин, па овој брзо го фатил. Поради напад на службено лице го осудиле на шест месеци во казнено-поправниот дом Порто Портезе.

Уште прв ден во заедничка ќелија се закачнал и се степал со чуварот па го пратиле во самица. После пар месеци во затворот дошол дечко од неговата населба, му било полесно а мајка му му носела цигари Marlboro кои Масимо ги менувал за храна.

Кога излегол од затвор решил да ја возобнови актерската кариера, но мајка му имала друг план: го однела во еден бар на првиот спрат од нивната зграда и му кажала на газдтата: „Може и да не му плаќате, просто сакам да бидам уверена дека е во надежно место и дека ќе работи.“

Газдата бил од Бреша па Масимо кој зборувал на римски дијалект, не го разбирал добро. Работата го научила да станува рано сабајле, да пие капучино, да јаде кроасан, да поработи и да си оди. Рита веќе не ја спомнувал. После неколку години неа ја зел Клаудио Балони, перспективен пејач и што е поважно, син на карабинер.

Кога пак станал финансиски независен, Фереро одново му се обратил на Мелпомене, режисерот кој на аеродромот Фјумичино снимал филм со Елизабет Тејлор. Кога се запознал со неа сфатил дека од англиски знае само yes и ok.

НЕДОЗВОЛЕН БРАК

На крајот од ’60-те години, Масимо се запознал со 16-годишната Паола, од селцето Труло близу Рим. После неколку месеци сфатил дека е бремена, ја побарал за жена но се откажал три часа пред свадбата: мајка му во последен момент дознала дека Паола е од регионот Марке и му рекла на синот: „Шанса нема да се жениш со неа! Ние сме Римјани од седмо колено! Ја знаеш ли поговорката: „Поарно мртов дома отколку човек од Марке на врата“.

После жестоката дебата Масимо се вратил во црквата и ја откажал свадбата.

Кога се родила Ванеса (ќерка му која сега е во бордот директори на Сампдорија), Масимо останал без работа затоа што режисерот Џани Моранди веќе не можел да му дава работа, па отишол да работи како мајстор во селцето Отавија. Таму секој ден го закачале локалните мангупи па еден ден Масимо претепал еден од нив и два дена поминал во затворот Реџи Коели.

Што можело да излезе после тоа? Секако, снимање на филмот „Полноќни задоволства“ со Клаудија Кардинале и Моника Вити. Преку познанаствата со агентот на легендарниот Моранди, Романи Ди Казимиро го ставил Фереро да му биде помошник на продуцентот Агостино Пане каде Масимо на почеток заработувал 120.000 лири неделна. На крај им купил се што им било потребно на ќерка му и жена му, но се соочил со нова неволја:

„Знаеш што сакаат, да снимаш филм со Пјерпаоло Пазолини?“, му рекол агентот.

„Добра идеја, само ќе го задавам ако ми ја стави раката на газот. Мама миа, не сум спремен за тоа. Ние денес знаеме дека тој бил геј, но тогаш (во ’70-те) мислев дека кој не ги љуби жените страда од некоја чудна болест. Таму каде што живеев ги викаа педери“.

ИТРОСТА СО ГЕРМАНСКИОТ СВЕШТЕНИК

Продуцентската кариера на Масимо напредувала многу па тој бил дел од големи филмски проекти во улога на асистент или продуцент. За филмот „Спалната соба на епископот“ на режисерот Дино Риѕи, Масимо организирал сцена на свадба во месната црква на брегот од езерото Маџоре.

Проблемот се јавил што две години претходно истата куќа го снимала филмот „Секс на исповед“ којшто италијанската црква го забранила да се прикажува во месноста. Ни сега немале многу шанси затоа што Масимо отишол кај германскиот свештеник Георг за да му го покаже сценариото на филмот во кој наместо девојки во главни улоги биле деца - Вили, Били и Дили но пак не го убедил: „Извинете, но тоа е забрането“.

Масимо се јавувал кај секретарот на епископот, кај командирот во полиција, со началникот на пожарна, но дон Георг не попуштал.

Кога не знаел што да прави, се претставил како вработен во болницата во Новара каде лежела мајка му на пасторот Георг и му соопштил на семејството дека таа не е добро. Кога пасторот истрчал од црквата кон болница, седумчлената група на филмот „Спалната соба на епископот“ улетала да снима (овој трик не му сметал на Масимо после 20 години да полета во составот на делегацијата на Ватикан на Куба на средба со Фидел Кастро).

ЖЕЛБА ЗА ВЛЕЗ ВО ФУДБАЛОТ

Под влијание на дедо му Џорџо, Масимо почнал да инвестира и во недвижнини. Се збогатил и во ’2000-те снимал по десет филма годишно. Квалитетот на италијанскиот фудбал во тој период започнал да опаѓа па на Масимо му предлагале да ги купи Салернитана, Лацио, Нолоња, па дури и Наполи.

Од Лацио се откажал зошто фамилијарно навивале за Рома со татко му. Од Наполи се откажал зошто таму сакал да влезе големиот продуцент Аурелио Де Лаурентис (ден денес газда на Наполитанците), а други варијанти просто немало.

На 17. мај 2014 година Фереро се вратил во Рим од Лос Анџелес. На пат кон дома заспал, а во домот пред телевизор не го видел пресвртот во Удинезе кога Сампдорија губела 2-1 но за две минути дала два гола и на крајот примила гол од Ди Натале за 3-3.

Следниот ден Фереро пиел кафе на плажа во Анседонија и дознал од весниците дека Сампдорија се продава.

КАКО СЕ ВЉУБИ ВО ТИМОТ ОД ЏЕНОВА

За Сампдорија се знае дека е еден од поголемите италијански клубови, тим кој стигнал до финалето на Лига на шампиони, а таму Фереро начекал долг од 15 милиони евра. Но и покрај тоа ги оставил тренерот Синиша Михајловиќ и спортскиот директор Карло Ости, а после пола година откако ја купил Самдпорија стигнале и трансферите.

Полетал во Лондон каде со сопственикот на Удинезе Поцо се договорил за откуп на договорот на Луис Муриел а брзо го потпишал и Самуел Ето.

Но трансферот на играчот од средината на Палермо Едгар Барето не одел така глатко: „Го прашав Ѕампарини за Барето, а тој се закани дека ќе ме убие. Но јас ги уважвам постарите, така што претседателот на Палермо може да биде спокоен“, изјавил Фереро во интервју за Sky Sport.

Во првата сеѕона со Фереро како претседател, Сампдорија се проби во Лига Европа а тренерот Михајловиќ отиде во Милан. "Реков јас дека тренерите се како жени а Синиша одговори дека ме остави поради подобра невеста", објасни Фереро за трансферот на српскиот тренер.

„Очигледно била повисока таа невеста. Сега јас ќе го најдам мажот на животот. Тоа е Винченцо Монтела.“ И тој маж отиде во Милан а Фереро се откажа од луксузни трансфери на играчи како Ето и Касано и му рекол на Карло Ости да се посветат на потписи со млди таленти кој ќе ги развива тренерот Марко Џанпаоло.

На пример словачкиот стопер Милан Шкриниар купен во јануари 2016-та за милион евра, после шест месеци премина во Интер за 23 милиони евра! Чешкиот напаѓач Патрик Шик ја чинел Сампдорија 4 милиони евра а годинава Рома го позајми за 5 милиони со право на откуп на договорот за 33 милиони евра! Од продажбата на Муриел, Кореа и Фернандо, Сампдорија заработила повеќе од 15 милиони евра. Уругваецот Лукас Тореира кој го земаа за два милиони евра, уште на зима би можел да оди во Атлетико Мадрид за 40 милиони!

Исто како во детството кога Масимо Фереро продавал прашок за перење купен со купони и продадени билети.