Фудбалерите на Рома минатата среда со пресврт ја совладаа Сампдорија, а мечот го реши извонредниот Един Џеко со две велемајстории. Навивач на Рома му застана на улица на газдата на Самп за да го понервира малце.
Масимо Фереро важи за спојка од Ѕампарини, Мамиќ и Џиџи Бекали. После мечот кој Рома го доби на гости 0-1 против Сампдорија, некој твитераш навивач на римскиот клуб пишал дека тифозите на Дорија не вредат две пари и навиваат само кога губат. Тогаш Масимо Фереро ги завратил ракавите:
Откако стигнал до врвот и бил главен оперативец на Монако, Тотенхем и Сампдорија, сите мислеле дека Роберто Печини ќе оди во некој од гигантите, но тој се решава за скромен живот и ги шокира сите со одлуката да стане шеф на скаут служба во едно мало симпатично клупче.
За Мамиќ, Ѕампарини, Хесус Хил и Џиџи Бекали знаеме речиси сè. Ако од сите нив ги извадиш најдобрите карактеристики ќе го добиеш Масимо Фереро, харизматичниот газда на Сампдорија чии навивачи го обожаваат. Неговиот животен пат немал многу што со фудбалот.
Ако не сте гледале видеа со претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро, а ве интересира како се глупира, да гледате, ги има по нетов. Во најновата епизода со него новинарка го чека за изјава, а тој:
Харизмата на Масимо Фереро, претседателот на Сампдорија, се пренесе и на тимот, кој во 6 кола од Серија A нема пораз, а прими само два гола. „Блучеркијати“ се најмладата екипа во европските ТОП5 првенства.