Сквадра Аѕура (Squadra Azzura) вторпат во историјата не ја чекираше картата за Мундијал. Репрезентацијата која пред 12 години беше светски првак и пред пет години играше во финалето на Европско, нема да патува во Русија догодина.
Една од главните причини е селекторот Џампјеро Вентура, кој ги изгуби најголемите натпревари во својата кариера: 1-0 во Шведска, 0-0 дома и простување од Светското.
Проблемите во репрезентацијата беа повеќе, така што накратко: Италијанскиот тренер погреши како со тактичката формација (изборот 3-5-2 после разговор со ветераните во репрезентацијата), така и со играчите (каде беше Лоренцо Инсиње, за два меча одигра само 15 минути). И покрај тоа што Италија беше поблизу до победата (особено на реваншот), главната задача не ја решија.
Вентура во репрезентацијата на Италија го замени Антонио Конте после Европското 2016. Конкуренти за позицијата не фалеа: Винченцо Монтела, Роберто Донадони, Алберто Ѕакерони и Фабио Капело. До репрезентацијата Вентура стигна откако беше тренер на пет просечни клуба: Месина, Верона, Пиза, Бари и Торино.
Негово најголемо достигнување - 7. место во Серија А во 2014 година со Торино. И таквото резиме не му сметало на претседателот на Фудбалската федерација на Италија Карло Тавекио да го назначи за селектор. Очигледно тоа беше грешка.
После мечот со Шведска Џампјеро Вентура кажа дека дава оставка а на прес-конференцијата неколку минути подоцна изјави: „Уште не сум разговарал со претседателот на Федерацијата“. Договорт на селекторот со Федерацијата трае до јуни 2022. година. Вентура се извини на јавноста и навивачите на Италија за „резултатот, но не и за играта на репрезентацијата“.