Сигурно слушнавте деновиве што се случуваше во Серија А. Да се потсетиме на кратко:
- Наполи има 2 позитивни на коронавирус: Петр Зјелински и, за жал, нашиот Елиф Елмас;
- Клубот од Неапол бил спремен да отпатува на мечот против Јувентус на „Јувентус Арена“ и поднел барање до локалното Министерство за здравство за помек карантин (играчите со негативни тестови да можат да истрчаат на терен против Јувентус);
- Но локалниот сектор на Министерството за здравство (ASL) и управата на регионот Кампања (со денови регион со најмногу позитивни во Италија), им забраниле на Неаполитанците да летаат дури и тогаш кога екипата веќе стигнала на аеродром да полета;
- По правилата на лигата, мечот може да се одложи само ако забрана стигне од локалните власти. Но Серија А прво соопшти дека мечот е потврден и ќе се игра. Екипите требаа да се појават во право време.
Според правилникот на Серија А, Наполи сега би можел да го изгуби службено овој меч 3:0, односно натпреварот да биде регистриран со победа на Јувентус од 3:0. Играчите на Јуве дојдоа на стадионот, се појавија во подтрибинскиот простор и очекуваа вести за противникот.
Наполи не се појави а Јувентус ги „испочитува“ сите процедури пред мечот. Го објавија составот:
L'XI scelto da Mister @Pirlo_official per #JuveNapoli pic.twitter.com/xm9SM10kH5
— JuventusFC (@juventusfc) October 4, 2020
Комотно цела екипа си дошла на стадион, а од клубот дури и ги повикале навивачите со сезонски карти па на стадионот се собрале точно 1.000 гледачи колку што дозволуваат властите во Италија.
И Лига Серија А на своите профили објавуваше објави како мечот да ќе се игра:
„Јуве и Наполи даваа голови на претходните 4 средби во Серија А. Ќе дадат ли и денес“?
⚽️ #JuveNapoli ⚽@juventusfc e @sscnapoli sono andate in gol entrambe negli ultimi 4 precedenti incontri in #SerieATIM. #WeAreCalcio pic.twitter.com/ZWFWhcZPUr
— Lega Serie A (@SerieA) October 4, 2020
Навивачите седеле на трибини, играчите на Јувентус доле на терен, како да ги чекале гостите во секој момент, иако беше објавено дека тимот на Наполи воопшто не е тргнат на северот.
„Имаме протоколи кои се многу јасни. Точно се знае што се прави, се оди во доверлива изолација во структура договорена со Асл и ова ни овозможува да ги играме натпреварите. Проколот е простудиран од Федерацијата со Владата. Де Лаурентис ми пиша порака со предлог да го одложиме мечот. Му одговорив дека Јувентус се држи до правилата и дека има јасен протокол, според мене добро напишан, којшто го следиме“.
Сличен но и многу понејасен став имаа и од Лига Серија А, организатор на натпреварувањето кој во исто време се повикува на протоколите, а како да не се свесни дека на Наполи не му било одобрено да полета од Неапол за Торино поради опасност од ширење на вирусот.