Станува збор за Алексис Салермакерс (Ди Марцио тврди дека прашал Белгијци за тоа како се изговара презимето Saelemaekers и му рекле Салермакерс).
Роден е на 27 јуни 1999 година во Белгија. Почнува да тренира фудбал за Андерлехт и дебитира во февруари 2018 година. За белгискиот трофеен клуб настапил на 53 натпревари и дал 2 гола. Лани бил стандарден првотимец.
Игра во средниот ред како десно крило или како организатор на игра.
Интересно, во Милан дојде на 31 јануари а веќе на 2 февруари, уште нерасонет, дебитираше против Верона (1:1) во Серија А. Додека се загревал во второ полувреме за да влезе во игра, тренерот Пиоли го викнал и во 77’ минута го смени десниот бек Давиде Калабрија.
После мечот Сеалмакерс случајно откри една интересна анегдота или поточно глупост од тренерот Стефано Пиоли:
„Моето деби против Верона беше историски момент. Бев малку нервозен на почеток. Кога тренерот ми даваше инструкции на италијански не го разбрав ништо. Искрено не знаев ни каде треба да играм“, се насмеал младиот Белгиец, а навивачите на Милан не веруваа што слушнале.
Saelemaekers to RTBF: "My debut against Verona was a historic moment. I was a bit tense at the beginning. When the coach gave me instructions in Italian I did not quite understand. Honestly I did not even know where I should play (laughs)."
— Milan Eye (@MilanEye) February 4, 2020
Како можел просечниот Пиоли да не се сети дека зборува со фудбалер кој пред 48 часа дошол во Милано од Белгија и дека не знае ни збор италијански. Како мислел дека ќе го разбере што и како да игра?
Кога видов кој излегува од игра (Калабрија), знаев дека треба да играм како десен бек и дека ќе треба да туркам напред зошто Верона играше со играч помалку. Целта сега ми е да станам стартер што е можно поскоро. Следниот викенд е дербито со Интер. Лукаку веќе ми се јави и ми кажа дека ќе се видиме. Тој сака да ми ги покаже сите убави места во градот.“
Белгиецот кој би можел да заигра на Европското првенство 2020 за својата репрезентација вели дека за неговиот трансфер во гигантот се се случил многу брзо:
„Како дојдов во Милан? Мојот агент зборуваше со управата на Андерлехт пред 2-3 недели, но немаше ништо во тоа време. После Сусо замина од Милан и почнаа преговори. Милан го исконтактира мојот менаџер директно. Се беше готово во еден ден. Ден претходно првите гласини се појавија но јас не знаев ништо. Видов како многу навивачи ме заследуваат на социјалните мрежи. Бев изненаден. Го пишав моето име на интернет и видов многу новински наслови кои ме поврзуваа со Милан.
Имаше многу емоции во моето семејство кога потпишав договор. Кога ја видов мајка ми како плаче тоа многу ме допре. Сите живееме како фамилија. Таа е малку тажна што заминувам но ме пушти да го сонувам сонот. Ќе пробам да најдам стан брзо, место близу тренинг центарот. Веќе не се согласивме со моите за местото, но добро почна (се смее). Уште не можам да сфатам, се се случи многу брзо. Голем дел од мене останува во Брисел. Кога Бобан ми се јави денот пред да потпишам и ми кажа дека им требам, на телефон уште не чувствував емоција но кога дојдов и кога ме гушнаа Бобан и Малдини веднаш осетив почит и не размислував што да правам.“