Тензија на Олимпико, Лотито во клинч со навивачите
На навивачите на Лацио им е преку дур од Клаудио Лотито, кој две децении го држи клубот во заложништво. Го обвинуваат дека претседателската функција ја користи за сопствен финансиски бенефит и дека купува треторазредни играчи кои не носат никаква игра и резултати. На последните четири меча загуби од Наполи и одигра нерешено со Кремонезе, Удинезе, како и синоќа 2:2 со Фиорентина. Па уште тој на нив им се сили и ги замолчува со прстот. За малку не изби тепачка.