Веќе од утре, 9. август ќе започне продажбата на карти за мечот со турскиот гигант којшто ќе се игра во Скопје на 17-ти август.
Како топлотен удар симпатизерите на Вардар ја дознаа веста дека клубот одредил цена на билети по: 2.000 денари, 2.500 денари и 3.000 денари.
До некаде олеснителна околност ќе биде тоа што клубот нуди 50% попуст на сумата за оние кои ќе покажат билет од натпреварите со Копенхаген или Малме во квалификациите за Лига на шампиони или влезница од минатосезонските натпревари. Тие навивачи ќе треба да одвојат по 1.000, 1.250 и 1.500 денари.
При купувањето на билетот, стои соопштението на клубот, секој ќе мора да приложи документ за идентификација (лична карта, пасош).
Уште поголем парадокс е што управата на ФК Вардар реши целата јужна трибина од “Телеком Арената“ ќе биде резервирана за гостинските навивачи а тоа е драстично повеќе од стандардниот реципроцитет или 10% од целиот стадион кој треба да им следи на гостите.
Навивачите на Вардар ќе можат да купуваат карти само за Запад и Север.
Влезниците ќе се продаваат на продажните места:
СКОПЈЕ: Југотон, Атлантик Турс, Тобако 2 Скопјанка, Тобако Корнер Југодрво, Тобако Водњанска, Тобако СП Планет, Food bar Trend City Mall, Lounge Restaurant Trend, Telekom Trend, Киоск М1 ТЦ Бисер, Киоск М1 Кисела Вода, Киоск М1 Холидеј Ин, Киоск М1 Скопјанка, М1 Медиа Бисер, Киоск М1 Центар, Киоск М1 железничка станица, Тобако Капиштец, Тобако Гоги Драчево;
Билетарница С.Ц. „Јане Сандански“: од 14.08.2017 до 17.08.2017 од 10 до 18 часот.
КАВАДАРЦИ: T.A. Атлантик Турс;
СТРУМИЦА: Скала Травел;
ГЕВГЕЛИЈА: Т.А. Путник;
ПРИЛЕП: Т.А. Бран;
ОХРИД: Голден Тобако, New Tobacco;
КОЧАНИ: Радио Кочани;
КУМАНОВО: Т.А. Мерион Травел;
ВЕЛЕС: Унисон.