Незадоволството на навивачите кои се изложени на поголеми трошоци кога одат на гостувања во Франција ќе го решат на многу едноставен начин.
За сите гостински навивачи во Лига 1 и Лига 2 ќе постои фиксна тарифа за карти и тоа по супер цени. Тоа значи дека на гостување во првата лига ќе може да се оди за 10, а во втората лига за 5 евра.
Добро во целата оваа стратегија е што тие цени ќе важат за сите натпревари без разлика дали игра ПСЖ, Сент Етјен или Рен. Сакаш да одиш на гостување, спреми 10 евра за карта, било да е дерби или не, што реално е топ со оглед на нивниот стандард.
Челните луѓе на француската лига велат дека со овој потег имаат за цел да го зголемат бројот на гостински поддржувачи, овозможувајќи им пониски трошоци.
Францускиот пример ќе го следи и Норич каде е одлучено да постават фиксна цена, но за домашните натпревари која ќе изнесува 30 фунти без разлика на секторот.
Тоа ќе биде прв англиски клуб со ваква одлука, но веројатно не и единствен, бидејќи и други се заинтересирале да направат ваква промена за да им излезат во пресрет на навивачите.
Печени за ваква реформа во лигата се и Италијанците кои и онака кубурат со посетеност на стадионите. Таму на пример најдебело плаќаат навивачите на така наречените големи клубови (Јувентус, Наполи, Милан, Интер, Рома и Лацио).
За мечот Киево – Лацио, гостинските навивачи минатата сезона платиле 50 евра за карта, што не е реална цена за овој меч, а другите гостински навивачи со исклучок на таа „шестка“ на Бентегоди немаат платено повеќе од 20 евра.
Како да постојат два типа на навивачи, а под ист покрив се.