На билетара пред стадион била македонската

Македонската фудбалска репрезентација е во серија каква што не паметиме, влезе максимално мотивирано во новото натпреварување кое ни ги отвора вратите за Европско и пак мора да се утне нешто, во случајов организациски.

На петнаесетина минути пред стартот на мечот Македонија - Ерменија, на јужната трибина на Филип Втори имаше очајна посетеност. Кога судијата означи почеток малку се поднаполни, а веќе на средина од првото полувреме трибината која собира 12.000 луѓе се наполни повеќе од половина.
 
На прво тоа изгледа чудно. Или си викаш повеќето решиле во последен момент да одат накај стадион или пред врата било тутканици, како што било 1.000 пати до сега.
 
Арно ама целиот проблем настанал пред билетарата која се наоѓа на источната трибина. На социјалните мрежи коментираат луѓе дека имало страшна гужва и за карта се чекало по 30-40 минути, а на толку народ имало само едно продажно место.
 
Е сега не дека и ние со тоа македонскиот менталитет не сме за стап, па ни текнува во 5 до 12 да запалиме патики и тоа неспремни да тргнеме без карта, ама колку и да има опции за навремено купување кое беше рекламирано, сепак недозволиво е за толкав стадион на самиот ден на одигрување на мечот да има само едно продажно место. Не е ова кино сала нели?
 
 
Еден пишал дека за карта се ставил во ред 40 минути пред натпревар и влегол во 10-та минута од мечот, друг искритикува дека луѓево купуваат карти на 15 минути пред утакмица, а трет удри по ФФМ.
 
Колку и да е третиов во право, на момциве треба да им се даде поддршка бидејќи ја заслужуваат. Ниту се игра, ниту се оди за ФФМ. Радоста во соблекувална за која има и такви кои велат дека се радувале како да го тепале Бразил, им беше од срце, бидејќи заеднички се борат и се трудат да избегаат од пласманите на проклетите квалификации во кои нерви искинавме.
 
Во репрезентацијата има хемија која едно време ја немаше, солидна игра која може и треба да се подобри и резултати кои не можат да се негираат. Момците на Мрме се внимавајте 15 месеци без пораз или точно 9 средби од кои 4 квалификациски за СП 2018, 3 пријателски и 2 во Лига на нации.
 
Последен пат загубија на 11 јуни 2017-та од Шпанија.
 
Дојдете на стадион (со време) и не го дрвете на Фејсбук, 100-че и 150-че беше карта, а вие не бидете црепови и отворите повеќе билетари на Исток.
 
Како беше она на тајм аут, за кого? За Македонија :).
 
 
Фотографијата е од Екипа.мк
10 септември 2018 - 15:06