Аплицирањето за билети за Европското фудбалско првенство почнува денеска и ќе трае еден месец, а продажбата ќе се одвива од 10 јуни до 10 јули.
УЕФА за првата фаза ќе пушти во продажба милион карти, кои ќе бидат достапни по цена од 25 евра за 43 од вкупно 51 меч. Откако ќе заврши времето за аплицирање, потоа ќе се врши селекција за да се одредат тие што аплицирале успешно.
По извлекувањето на групите кое ќе се одвива во декември годинава, навивачите на 24-те земји учеснички ќе бидат во можност да купат и пакети со билети, а таа продажба ќе се прави во соработка со федерациите на селекциите.
УЕФА ќе донира 20.000 билети за сиромашни деца како дел од програмата 20.000 насмевки.