Германските навивачи бараат либералност на стадионите

Според истражувањата на „YouGov " компанија која се занимава со јавно мислење, половина од анкетираните фанови од Германија сметаат дека ФИФА и УЕФА не се ангажираат доволно во борбата против расизамот и хомофобијата.

Германските фудбалски фанови сметаат дека социјалните проблеми треба многу повеќе да се решаваат преку најважната споредна работа во светот особено разните форми на дискриминација, а тоа го бараат со поголема ангажираност од страна на спортските институции.

Според резултатите на „YouGov" 56% од анкетираните навивачи сметаат дека Европската и Светската куќа на фудбалот не прават доволно во борбата против хомофобијата, а 51% одговориле дека не е доволна моменталната борба против расизамот на стадионите.

Слично е нивното мислење кое го искажаа и за Германската фудбалска федерација. Само 18% од нив се задоволни од нивната борба против хомофобијата, а 55% сметаат дека тоа не е доволно. Што се однесува до расизамот 40% се задоволни од досегашните залагања, а 51% сметаат дека треба многу повеќе.

„Ова истражување покажува дека е од суштинско значење за да продолжиме со заедничка борба против сите форми на дискриминација во фудбалот. ФИФА е свесна за одговорноста на овие проблеми и веќе многу години се бори против дискриминацијата на стадионите", изјави шефот за односи со јавноста на ФИФА, Делиа Фишер.

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер претрпе многу негативни реакции во јавноста на оваа тема откако пред две години во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека расизмот може да се реши со ракување на фудбалерите.

Покрај ова негово размислување за големи гафови се сметаа изјавата во 2004 година кога рече дека фудбалерките треба да носат потесни шорцеви за да се зголеми популарноста на женскиот фудбал, како и апелот до хомосексуалците за кои рече дека треба да се воздржат од сексуални активности на СП во Катар 2022 пзатоа тоа што хомосексуалноста била забранета во оваа земја.

30 септември 2013 - 21:50