Проверките се по основа дека исто половите врски во земјата се кривично дело, па во докажување на евентуалното обвинение тие ќе послужат во собирање докази.
"Не гледам никакво прекршување на човечкото достоинство, правото на приватност или слободите на подносителите на петицијата," изјави судијата на Високиот суд во Момбаса, Метју Емукуле.
Гардијан пренесува дека двајцата мажи кои го отворија случајот пред судот бараат прекин на присилните анални проверки и ХИВ тестирања за мажите обвинети дека се геј. Тие во февруари 2015 се уапсени во бар во град на кениското крајбрежје, под сомнение дека практикувале хомосексуални односи. Ако ова биде докажано, двајцата ги чека затворска казна од 14 години.
Пресудата во основа значи дека некој може да биде уапсен заради гласини дека е геј и да подлежи на овие тестови.