Шеврон товари венецуелска нафта со рекордно темпо
9 јануари 2026
-
„Шеврон Корп.“, единствената западна компанија на која ѝ е дозволено да вади венецуелска нафта, ги товари танкерите со најбрзо темпо во последните седум месеци.
-
Во првата недела од овој месец и година, „Шеврон“ натоварил на бродови 1,68 милиони барели венецуелска нафта - пет пати повеќе од истата недела во декември.
-
Веднаш по американскиот напад, акциите на Шеврон скокнаа за пет проценти.
-
Петмина демократски сенатори побараа конгресна истрага за тоа колку Шеврон и Ексон претходно знаеле за плановите на Трамп да ја нападне Венецуела и да им го киднапира претседателот.