Обединетите Арапски Емирати го скинаа владиното финансирање за своите граѓани кои сакаат да студираат на британските универзитети. Потегот е чекор понатаму во постоечката затегнатост на односите со Велика Британија околу нејзиниот пристап кон исламистичките групи, особено Муслиманското братство.
Министерството за образование на Емиратите објави нов список на странски универзитети кои имаат право на државни стипендии и официјално признавање на дипломите. Списокот вклучува институции од земји како што се САД, Австралија, Франција, Израел... но универзитетите во Велика Британија се впечатливо отсутни.
Иако ревидираната листа официјално се објаснува со пошироките реформи со кои треба да с обезбеди државата да го финансира само најдоброто, на познавачите им е јасно дека исклучувањето на британските универзитети е поврзано со загриженоста во Абу Даби за исламистичката радикализација на кампусите во Велика Британија.
„Обединетите Арапски Емирати не сакаат нивните деца да бидат радикализирани на британските факултети“, вели еден од нив.
Официјалните податоци кои ги пренесува Фајненшел Тајмс покажуваат дека во академската 2023-24 година, 70 студенти на британските универзитети биле пријавени за евентуално упатување во програмата за „дерадикализација“ поради знаци на „исламистичка радикализација“, речиси двојно повеќе од бројот регистриран една година претходно.
Под водство на шеикот Мохамед бин Зајед ал-Нахјан, Абу Даби постојано ја проблематизира одлуката на Велика Британија да не го забрани Муслиманското братство. Овие велат дека не наѓаат проблематични докази против движењето.
Добар дел од нивните студенти на островот не се со државна стипендија туку студираат приватно, но државата за нив порача дека дипломите нема да им бидат признати.