41 годишниот Чави се враќа во Барселона после шест годишен престој во Катар, четири како играч и уште две како тренер на Ал Сад. Или во превод со 11 трофеи, од кои седум им ги донесе од тренерската позиција.
На 102 натпревари оствари скор од 67 победи, 17 нерешени и 18 пораази. Вели дека се чувствува позрел и дека од сите ментори научил по нешто во играчката кариера, како што се Луј ван Гал, Пеп Гвардиона и Луис Енрике.
„Учев од сите. Имаше моменти кога од клупата за резервни играчи им ги слушав коментарите и советите до играчите. Имав многу среќа, бидејќи од нив се стекнав со многу искуство. Имам идеја и сакам да ја пренесам.
„На крајот на краиштата, се работи за пренесување на системот на Кројф. Мојот прв дефанзивец е напаѓачот, а прв напаѓач голманот. Треба да се работи тактички и да знаете како да постапите во различни ситуации“.
„Ќе им кажеме на тие кои се тука која е идејата и какви се правилата. Имаме план и сè ми е испланирано до натпреварот со Еспањол. Објаснет е методот, идејата и моделот на играта. Веруваме дека најдобриот начин за да се победи е да се игра добро“, рече Чави кој доби договор до 2024-та.
За Дембеле изјави дека тој би можел да стане најдобар во светот на својата позиција, само потребна му е помош, а меѓу другото рече дека да може би сакал да ги тренира заедно Меси, Ето и Роналдињо.
Чави е една од најголемите клупски легенди на Барселона каде стапна на 11 години, а потоа запиша 767 настапи и освои 25 трофеи.
The moment has arrived pic.twitter.com/OkSunDBzRk
— FC Barcelona (@FCBarcelona) November 8, 2021
23 May 2015: Xavi says goodbye as a Barcelona player 😭
— Goal (@goal) November 8, 2021
8 November 2021: Xavi says hello as Barcelona manager 😍 pic.twitter.com/vR2Zchlkr7