„Чави е вечен. Дури и кога не е во најдобрата физичка форма, игра еден вид на фудбал кој му дава кислород на тимот, игра и брзина. Ме прави тажен кога ќе помислам дека нема да бидам во можност да го гледав повеќе во Европа. Тој секогаш ќе го има тоа ниво. Тој е фудбалот. Тој е еден од оние играчи кои ја направија Барселона тоа што е денес“, Тијаго Алкантара.
„Се сеќавам како дете со свежо лице кога дојде во Ваљадолид и даде гол со глава со што го спаси Луи ван Гал. Кога зборуваме за Чави, зборуваме за легенда во светскиот фудбал и гениј. Тој од првиот до последниот натпревар е клучен играч во Барселона, играч кој има направо повеќе од било кој друг, играч кој подигна најмногу пехари. Таму ќе биде пред и после Чави. Не е фер што никогаш не ја освои Златната топка, тој беше “несреќен“ што се совпадна со Меси. Сигурен сум дека еден ден ќе стане тренер на Барселона, таму никогаш нема да има играч како него“, Христо Стоичков.
„Ако фудбалот беше наука, Чави ќе ја откриеше формулата. Со топката во нозе, никој друг до сега не комуницирал толку интелигентно“, Хорхе Валдано, поранешен тренер на Реал Мадрид.
„Без сомнение, најдобриот играч од среден ред во светот во последниве 30 години“, Марселино, човекот кој го постигна победничкиот гол за Шпанија на ЕП 1964, единствениот трофеј на Шпанците се до 2008-ма.
„Чави е уникатен, нема да има друг играч како него. Стилот на Барселона и на селекцијата на Шпанија беше изграден преку него“, Андер Херера од Манчестер Јунајтед.
„Сите знаеа дека кога дојде во младинската академија во Барселона, тој ќе биде наследник на Пеп. Имаше огромен талент и тоа можеше да се види уште кога беше многу млад. Тактички тој беше одличен. Направи толку добри работи за Барселона и еден ден треба да се врати“, Роналд Куман.
„Добив повик за Шпанија на денот кога селекцијата се пласираше на Мундијалот во 2014-та против Грузија во Албасете и бев заменет со него. Беше навистина среќен што се квалификувавме, но истовремено и тажен бидејќи му следува последното Светско. Му реков дека за доброто на оние што ја сакаме оваа игра, не треба да си замине. Беше чест за мене да делам соблекувална со најдобриот играч во историјата на шампионскиот фудбал. Само да можеше некако да остане засекогаш“, Мичу, негов поранешен колега од репрезентација.
„Крај на една ера за еден од најдобрите, но никогаш нема да заборавиме што ни направи да ни биде најдобро“, Фернандо Торес.
„Чави е бранител на вредностите на најдобриот тим во историјата на Барселона“, Хуан Лапорта, поранешен претседател на Барселона.
„Тој го означува нашиот начин на игра, културата на Ла Масиа, се. Тој е еден од оние симболи кои помогнаа Барселона да стане поголема“, Џерард Пике.
„Ми беше чест што го тренирав младото момче кој стана толку голем. Нема да има друг како него“, Хуан Манел Асенси, поранешен играч на Барселона и прв тренер на Чави во младинските категории.
„Една од најголемите грешки на луѓето е што зборуваат кој ќе биде следниот Чави. Џабе губиме време што постојано бараме негова замена, бидејќи нема да има“, Цеск Фабрегас.
„Моторот, стилот, мозокот на еден од најдобрите состави во историјата на Барселона. Се надевам дека ќе се врати брзо“, Карлес Пујол.
„Без сомнение, Чави е еден од највлијателните играчи кои биле во фудбалот во последните години“, Чави Алонсо.
„Ако Чави има лош ден, тогаш Барселона игра половина помалку од тоа што го знае. Тој го прави ритамот на играта“, Јохан Кројф.
„Не можам да најдам зборови кои го достигнуваат неговото ниво како играч и човек. Годините, успесите, чувствата, начинот на кој што ги правеше работите, за сето тоа немам зборови. Тој е единствен играч кој никогаш нема да се повтори и е од суштинско значење за клубот и земјата. Беше вистинско задоволство и привилегија да ја мина цела кариера со него“, Андрес Иниеста.
„Се надевам дека идните играчи ќе учат од него, како што јас научив од неговата љубов за фудбалот. Немаше ден во кој не го гледав како ужива. Кога имаше пријателска сакаше да игра, кога беше повреден сакаше да игра или правеше се за да се врати побрзо. Тој е најголемиот љубител на фудбалот и истовремено најголем професионалец. Кога не игра, гледа фудбал. Тој ќе стане тренер, сигурен сум. Чави е најдобар каталонски фудбалер во историјата, не поради титулите, туку поради љубовта за кон играта. АКо тренингот беше во 11, тој во 10:40 беше спремен за тренинг и веќе ја шутираше топката“, Пеп Гвардиола.
„Неговата важност е несомнена. Тој одигра повеќе натпревари од било кој друг во Барселона, во ера кога е тешко да се остане постојано во еден ист клуб. Тој освои повеќе титули од било кој друг. Сега има шанси да освои уште еден“, Луис Енрике.